Свет
Обама и Ромни во последната дебата за надворешната политика
Американскиот претседател и претседателски кандидат на демократите Барак Обама и неговиот републикански ривал Мит Ромни, во понеделникот ги одмерија силите во третата телевизиска дебата.
Теми на последното телевизиско соочување меѓу американските претседателски кандидати за изборите на 6-ти ноември беа прашањата за американската воена моќ и решавањето на блискоисточната криза а дојде во моментот кога истражувањата на јавното мнение во САД покажуваа дека нивните шанси за влез во Балта куќа се речиси изедначени.
Аналитичарите оценуваат дека Барак Обама во дебатата како и на претходната повторно покажал повеќе агресивност уште од самиот почеток. Тој ги критикуваше предлозите за Блискиот исток на републиканците исмејувајќи ги апелите на притивкандидатот Мит Ромни за зголемување на бојот на воени бродови во американската армија обвинувајќи го противникот дека сака САД да ги врати во периодот на Студената војна.
На предлогот на Ромни да се зголеми бројот на воени бродови Обама рече „Гувернеру, САД денес имаат и помал број коњица и бајонети“.
Обама рече и дека Ромни кој ја прогласил Русија за геополитички непријател на САД, се обидува времето да го врати наназад. „Студената воја заврши пред 20 години. Кога станува збор за вашата надворешна политика, се чини, дека се обидувате да ја воведете она а од 1980-те“, рече Обама.
Ромни, кој оваа дебата за надворешнополитичките прашања ка искористи за да се наврати на слабата точка на Овама лошата економска ситуација во земјата, возврати дека политиката на актуелниот претседател води политика во однос Балискиот исток и северна Афика којашто не ги запира заканите од Ак Каеда во регионот.
Двајцата кандидати инаку се согласија дека САД треба да го одбрани Израел во случај на напад од Иран, а Ромни рече и дека би вовел уште построги санкции отколку што се моментално на сила во однос на Техеран.
Ромни во дебатата се наврти на реченицата што Обама му ја кажа на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, инаку ненаменета за јавнсота но кој се слушна поради вклучените микрофони во која Обама вети поголема американска флексибилност по изборите. Наместо фелксибилност, Ромни најави дека на актуелниот руски претседател Валдимир Путин ќе му покаже повеќе цврстина.
Американскиот претседател Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни разменија политички рафали на синоќешниот, трет и последен ТВ-дуел пред изборите.
Претседателот ги нарече погрешни ставовите на Ромни за надворешната политика. Поранешниот гувернер на Масачусетс, пак, за време на дебатата што се одржа во Флорида возврати дека критиката на негова адреса не е начинот на кој ќе се запре насилството на Блискиот исток.
Ромни ја осуди надворешната политика на Обама за регионот, велејќи дека видел доста драматично назадување на надежта што САД ја имаа за овој дел на светот.
„Му честитам што го елиминираше Осама бин Ладен и што го гонеше раководството на Ал-Каида, но така не ќе можеме да најдеме излез од оваа хаотична ситуација. Ќе мора да примениме сеопфатна и обемна стратегија за да му помогнеме на исламскиот свет и другите делови да го отфрлат насилниот екстремизам кој, посекако, не е во фаза на бегање. Секако не се крие“, кажа Ромни.
Обама истакна дека САД со сојузниците интензивно работеле на мирот и демократијата во регонот и ја зеде Либија како пример.
„Без да испратиме копнени сили во земјата и по цена колку што чинеа помалку од две недели од војната во Ирак, ослободивме земја што беше под стегата на диктаторство последниве 40 години – деспот кој уби Американци. И покрај трагедијата (со убиството на американскиот амбасадор во Либија, н.з.), десетици илјади Либијци по настаните во Бенгази излегоа на улиците и рекоа – Америка е наш пријател, стоиме со неа“, истакна Обама.
Во однос на Иран, Обама ја пофали својата влада дека покажала енергичност преку „најстрогите, најефикасни санкции воопшто“.
Ромни коментираше дека светот е „четири години поблиску до нуклеарен Иран“ и дека иранското раководство “видело слабост каде што очекувало да види американска моќ“.
Запрашан од водителот – што е најголемата надворешнополитичка закана за САД, републиканскиот претседателски кандидат прецизираше дека се работи за иранската нуклеарна програма. За сегашниот жител во Белата куќа, пак, тоа и натаму се терористичките мрежи и, оттаму, САД треба да останат будни.
Ромни го нападна предлог-армискиот буџет на Обама, заклучувајќи дека е неприфатливо воздухопловните сили да се на најмало ниво од основањето во 1947-ма година, а морнарицата најмалубројна од 1917-та.
„Ова за мене е најголемата одговорност на претседателот на САД – да ја одржува безбедноста на Американците. Јас нема да го скратам нашиот армиски буџет за еден трилион долари (…). Тоа, според мене ја прави нашата иднина понеизвесна и понебезбедна“, рече Ромни.
Обама се спротистави со тврдењето дека армискиот буџет нема да ги намали трошоците, туку само ќе ги одржува и го обвини противникот дека поддржува застарени политики од минатото.
„Ја споменавте морнарицата, дека имаме помалку бродови отколку во 1916-та. Па, гувернеру, имаме и помалку коњи и бајонети, затоа што се промени природата на нашата армија“, кажа Обама.
На тема Пакистан, Обама ја бранеше одлуката да испрати командоси во акцијата против Бин Ладен – елаборираше дека САД можеби немаше да го елиминираат терористичкиот водач доколку најпрвин побараа дозвола од пакистанските власти. Претседателот заклучи дека убиството на Бин Ладен донесе еден вид завршница за Американците кои ги загубија своите најблиски во терористиките напади на 11-ти септември 2001-ва.
Ромни одговори дека не ја обвинува владата за напнатите односи со Пакистан и оцени дека било исправно да се појде во земјата по Бин Ладен. Но, додаде дека САД не можат туку-така го свртат грбот на земја која има 100 парчиња нуклеарно оружје и дека мора да соработуваат со пакистанскиот народ за да му помогнат да заземе поодговорен курс од постојниот.
Со месеци во кампањата за изборите на 6-ти ноември, гласачите опфатени со анкетите му даваа предност на Обама пред Ромни, кога станува збор за надворешната политика. Па сепак, најновите анкети покажуваат дека Ромни нагло ја намалува разликата. Во последно време, тој остро ја критикува владата на Обама за наводни пропусти во обезбедувањето што довеле до убиството на амбасадорот во Либија и уште тројца други Американци на 11-ти септември годинава. Тој особено се задржува на тоа дека владата во првичните реакции инсистирала дека не се работи за терористички напад, туку за спонтан излив на гнев изроден од протестите што тие денови избија против антиисламскиот филм направен во САД.
На две недели пред изборите, неколку анкети покажуваат дека Обама и Ромни се речиси изедначени, а онаа на NBC и Wall Street Journal отсликува мртва трка – и Обама, и Ромни имаат по 47 отсто популарност меѓу избирачите, додека според последните независни анкети и двајцата претседателски кандидати во моментот имаат по 46 отсто од гласовите на избирачите ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тврдења дека Епстин е жив повторно вирални, „Би-Би-Си“ анализираше што покажуваат документите
На социјалните мрежи се шири тврдење дека новообјавени документи покажуваат оти американските власти подготвиле соопштение за смртта на Џефри Епстин еден ден пред да биде пронајден мртов, што според тие објави наводно имплицира дека Епстин е сè уште жив. Како „доказ“ се наведува документ на американското Министерство за правда во кој се споменува датумот 9 август 2019 година – ден пред Епстин да биде пронајден мртов во затворска ќелија.
Би-Би-Си Verify ја провери оваа информација и заклучи дека станува збор за погрешно толкување на интерен нацрт-документ, а не за доказ дека смртта на Епстин била лажирана или однапред планирана.
Спорниот документ и датумот што ги поттикна теориите
Повод за новите шпекулации бил нацрт-соопштение на американското Министерство за правда, вклучено во најновата серија декласифицирани документи за Епстин. Во документот се наведува дека Епстин бил „пронајден без свест во својата ќелија“ во затвор во Њујорк, а како датум стои петок, 9 август 2019 година.
На социјалните мрежи тоа било протолкувано како наводен доказ дека американските власти однапред знаеле за неговата смрт или дека во тој момент тој воопшто не се наоѓал во ќелијата.
Што велат официјалните наоди?
Сепак, како што наведува Би-Би-Си Verify, сите релевантни службени документи потврдуваат дека Џефри Епстин бил пронајден мртов во сабота, 10 август 2019 година. Тоа вклучува декласифициран извештај на ФБИ за неговата смрт во притвор, обдукциски наод, интерни затворски документи, како и службени фотографии од местото на настанот.
Во ниту еден од тие документи не се појавува датумот 9 август како ден на неговата смрт или пронаоѓање на телото.
Министерството за правда: Станува збор за грешка во нацрт
Американското Министерство за правда му потврдило на Би-Би-Си Verify дека спорниот датум е резултат на грешка во интерен нацрт-документ кој никогаш не бил наменет за јавна објава. Според нивното објаснување, нацрт-верзиите на службената изјава почнале да циркулираат преку интерни електронски пораки во Канцеларијата на американскиот државен обвинител за јужниот округ на Њујорк дури на 10 август 2019 година, по смртта на Епстин.
„Иако првичните верзии на изјавата содржеа претходен датум, станува збор за несреќна административна грешка која подоцна била исправена пред објавувањето на службеното соопштение“, соопштиле од Министерството за правда за Би-Би-Си Verify.
Додале и дека тврдењата оти изјавата била подготвена пред смртта на Епстин се неточни.
Како грешката станала јавна
Спорниот документ бил интерен нацрт што останал зачуван во архивата на електронската комуникација и подоцна бил вклучен во објавените судски списи. Токму тоа овозможило погрешниот датум да стане видлив за јавноста и да послужи како повод за нови теории на заговор.
Би-Би-Си Verify нагласува дека нема никакви докази кои би упатувале на тоа дека смртта на Епстин била фалсификувана или дека тој преживеал, како што се тврди во виралните објави.
Заклучокот на Би-Би-Си Verify е јасен: погрешниот датум во интерниот нацрт-документ е резултат на административна грешка, а не доказ за заташкување или лажирање на смртта на Џефри Епстин. Сите релевантни и службени наоди потврдуваат дека тој починал на 10 август 2019 година во затвор во Њујорк, како што тогаш и официјално беше објавено.
Свет
Двајца ученици избодени со нож во училиште во Лондон, полицијата трага по тинејџер
Двe момчиња на возраст од 12 и 13 години се пренесени во болница откако денес биле избодени со нож во средното училиште „Кингсбери“ во Брент, северен Лондон, објави Би-Би-Си.
Полицијата добила пријава за нападот околу 12:40 часот по локално време. Првичните информации укажувале дека е повреден еден 13-годишник, но подоцна било утврдено дека на истото место бил нападнат и 12-годишен ученик.
Двајцата се згрижени од службите за итна помош и пренесени во болница, а полицијата очекува дополнителни информации за нивната здравствена состојба.
Од полицијата соопштија дека осомничениот е идентификуван и дека станува збор за тинејџер, по кого интензивно се трага.
Детективот Лук Вилијамс изјави дека е свесен оти нападот ќе предизвика „значителна загриженост“ во локалната заедница.
„Сакаме да ги смириме локалните ученици, родителите и жителите. Ангажиравме значителни полициски сили во областа и правиме сè што можеме за да го пронајдеме осомничениот“, рече тој.
„Нашите мисли се со повредените момчиња и сакам да им се заблагодарам на болничарите и лекарите кои се грижат за двајцата“, додаде Вилијамс.
Свет
Британка застрелана во Тексас: Пред трагедијата се скарала со татко ѝ околу Трамп
Британката Луси Харисон (23) од Ворингтон била застрелана во градите на 10 јануари минатата година во домот на својот татко во Проспер, Тексас, објави Би-Би-Си.
На истражното рочиште во Велика Британија било речено дека претходно истиот ден таа се скарала со него околу Доналд Трамп и неговите ставови за оружје.
Нејзиниот партнер Сем Литлер сведочел дека расправијата била „жестока“ и дека Луси била вознемирена поради ставовите на татко ѝ. Подоцна, непосредно пред да заминат кон аеродром, таткото ја одвел во својата спална соба, по што се слушнал истрел. Литлер изјавил дека ја затекнал Луси на подот, додека таткото врескал.
Полицијата во Тексас ја истражувала смртта како можно убиство од небрежност, но големата порота во округот Колин одбила да покрене обвинение против таткото, Крис Харисон.
Истрагата се очекува да заврши во вторник.

