Свет
Смена на функционерите што го кријат имотот
Од 2003 до крајот на 2005 година биле поднесени 156 барања за прекршочни постапки против функционери кои не го пријавиле имотот
АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА
Од 2003 до крајот на 2005 година биле поднесени 156 барања за прекршочни постапки против функционери кои не го пријавиле имотот
Треба да бидат сменети функционерите што не го пријавуваат својот имот, смета Државната комисија за спречување на корупцијата и тоа ќе им го предложи на Собранието, Владата, локалната самоуправа и другите органи и јавни претпријатија што избираат и назначуваат носители на јавни функции.
Во информацијата, која ќе биде доставена до Собранието, Владата, Републичкиот судски совет и до Врховниот суд, комисијата бара и да се зголеми ефикасноста при решавањето на прекршочните пријави против таквите функционери и да се изрекуваат построги санкции. Таа се критикува и самата што не учествува доволно во жалбените постапки по изречените санкции.
Според информацијата што била усвоена на вчерашната седница на комисијата, од 2003 до крајот на 2005 година биле поднесени 156 барања за поведувања прекршочни постапки против функционери кои не го пријавиле имотот или промените во него. Од нив, 92 барања се однесувале на членови на Управни одбори, јавни претпријатија, фондови, агенции и банки, 16 биле против директори и нивни заменици, 12 против основни судии, по три против пратеници и државни секретари други.
– Од вкупниот број поднесени барања, судовите решиле 90 предмети, а за 68 постапката се уште не е завршена. Од решените, 21 функционер е казнет парично. Казните изнесуваат од 20 до 50 илјади денари. Наспроти тоа, колку за илустрација, 12 лица се казнети со парични казни од 3 до 5 илјади денари, а пет со 20 илјади денари. Тоа не е ни половина од предвидените казни во законот – вели Михајло Маневски, претседател на Антикорупциската комисија.
Судовите изрекле само прекршочни опомени против 36 лица, а предметите против 25 функционери застареле поради бавноста на судовите.
– Оценивме дека и самата комисија не се ангажирала доволно во жалбените постапки против донесените судски одлуки. Сме обжалиле само шест пресуди. Критични сме и оценивме дека и самите треба повеќе да се ангажираме во овој дел од постапката – вели Маневски. (Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

