Македонија
Затвор за претседателот на една од коморите за обезбедување
Затвор од една година и десет месеци за Ангеле Јовановски, претседател на една од Коморите за обезбедување на лица и имот за измама и фалсификување на исправа, одлучи основниот суд 1.
Затвор од една година и десет месеци за Ангеле Јовановски, претседател на една од Коморите за обезбедување на лица и имот за измама и фалсификување на исправа, одлучи основниот суд 1.
Половина од членовите на испитната комисија добија шест месеци условно во наредните две години. На Јовановски во казната затвор ќе му бидат пресметани и десетте месеци поминати во куќен притвор.
„Ме ослободија од притвор за се друго за што не сме задоволни ќе поднесеме жалба. Едноставно сега имаме право на жалба, решението не ни е укинато, можеме да продолжиме да работиме. Ќе продолжиме да се жалиме да се укине сето ова и да добиеме ослободителна пресуда“ изјави осудениот Јовановски.
Според него цел овој судски процес против него најверојатно бил со цел да се фаворизира едната комора, а да се уништи другара комора за обезбедување.
„Најверојатно било, меѓутоа од кого и како сега не можам да знам и не можам да тврдам, едноставно во прашање е монополското работење“ додава Јовановски.
Меѓу членовите на испитната комисија, кои денеска основниот суд 1 ги осуди на условна казна е и претседателот на здружението „Достоинство“, Стојанче Ангелов и претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев.
„Ова е само еден од многуте притисоци, ако ние бевме виновни немаше да не осудат шест месеци условно. Јас не се чувствувам како осуден, само ни го извалкаа името. Како сега јас треба да се правдам пред граѓаните дека не сум направил кривично дело, меѓутоа јас ќе им порачам на инспираторите на целиот овој процес дека нема да успеат во својата намера и дека нема на овој начин да ги намалат нашите активности. Сметам дека и судијката беше под голем притисок, мораше да донесе некаква пресуда“ изјави Ангелов.
„Можам да кажам дека се работи за класична конструкција на полициското подземје во оваа држава. Тука се условно осудени скоро половина од извршниот комитет на Народно движење на Македонија, само затоа што се пријавиле да засноваат работен однос со комората. Ја повикам судијката побрзо да ја донесе пресудата за да може да ја поделиме на сите студенти од правниот факултет, да го видат овој преседан, да видат дека во оваа држава се осудуваат луѓе само затоа што конкурирале во одредена институција. Во оваа конструкција се вмешани високи луѓе околу Груевски“ изјави Бачев.
Ангелов во неделата обвини дека МВР селективно поднело кривични пријави против испитувачите. Од вкупно 31 испитувач МВР поднеле кривични пријави против 15 лица, а против останатите 16 лица, кои според Ангелов сега вршат високи функции во МВР, нема покренато кривични пријави.
„Обвинителот наместо да го повлече обвинението против нас, најави дека ќе покрене обвинение и против останатите испитувачи, меѓутоа сметам дека со тоа само ни фрлаат песок во очи, за да добијат на време, да го заташкаат случајот“ вели Ангелов.
Јовановски се товареше дека неговата Комора за обезбедување била незаконска и не била регистрирана според законот за обезбедување на лица и имот, туку според законот за стопански комори. Според обвинителството, Јовановски три години издавал незаконски лиценци за обезбедување. Членовите на испитната комисија се товарат дека му помогнале во извршувањето на кривичното дело.
Двете комори за обезбедување на лица и имот долго време водеа борба, која од нив е легална. Во овој бизнис каде се вртат многу пари, легална е онаа комора која ќе ја признае Министерството за внатрешни работи. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
САД нема да им даваат визи, Мицкоски конечно најде стратегија како да ги задржи младите во Македонија, вели Жерновски
Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, со критики за владината политика по одлуката на САД за суспендирање на имигрантските визи.
„Нема виза ни за периметарот. Браво за Мицкоски! Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи“, напиша на социјалните мрежи Жерновски.
„Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.
Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.
Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.
Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.
Ветува надеж, а носи рестрикции.
Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.
Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.
Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.
Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.
Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно: додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.
А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет“, објави Жерновски.
Македонија
Хоџа со делегација од СКСЗМ: Бизнис секторот важен партнер во усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу.
За време на состанокот, на кој членовите на комората му го честитаа мандатот на Хоџа, беше договорено страните да го продлабочат институционалното партнерство и размената на идеи за прашања од заеднички интерес.
На состанокот се разговараше за теми поврзани со имплементацијата на еколошките стандарди, просторното планирање, управувањето со отпадот, енергетската ефикасност, како и влијанието на еколошките политики врз економскиот развој и бизнис-климата во регионот каде што дејствува СКСЗМ.
Хоџа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање го смета бизнис-секторот за важен партнер во изградбата на одржлив развој и усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата. Тој нагласи колку е значаен отворениот дијалог и континуираната комуникација за пронаоѓање практични и избалансирани решенија.
Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност за понатамошна соработка, претставувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, како и конкретни предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.

