Македонија
Летерм најави посредништво во спорот со името
Искрено посредништво во координација со Обединените Нации, со цел надминување на спорот со името најави денеска белгискиот премиер и претседавач со ЕУ, Ив Летерм по средбата со неговиот македонски колега, Никола Груевски, објавува Дојче Веле.
Искрено посредништво во координација со Обединените Нации, со цел надминување на спорот со името најави денеска белгискиот премиер и претседавач со ЕУ, Ив Летерм по средбата со неговиот македонски колега, Никола Груевски, објавува Дојче Веле. „Ќе се обидеме во следните недели и месеци да се однесуваме како искрен посредник во координација со господинот Нимиц и се надеваме дека со искрени иницијативи и од белгиска страна ќе успееме да промовираме решенија. Длабоко сум уверен дека ќе најдеме решение. Мислам дека народот тоа го заслужува и Европа тоа го заслужува. Иднината на ПЈРМ е во Европа, а Европа не е целосна без ПЈРМ“, рече Летерм. Од македонска страна, Груевски ги претставил напорите на владата во економијата, а го информирал Летерм и за реформскиот процес. Во однос на прашањето со името, македонскиот премиер порачува дека неговото надминување во голема мера зависи од Грција. „Сепак, ова прашање не зависи само од нас, па дури и не само до господинот Нимиц. Тоа во голема, можеби и во најголема мера зависи од чекорите што во иднина ќе ги презема грчката влада. Не сакаме да кажеме ни оптимисти, ниту песимисти, туку сакаме преку процесот на господин Нимиц, да продолжиме да бараме решение, коешто ќе ги нормализира односите со Грција, коешто ќе не‘ деблокира и коешто ќе биде решение кое би било прифатливо за двете страни“, рече Груевски. Двајцата премиери за време на денешната средба во Брисел потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување. Посетата се оствари по покана на белгискиот премиер Летерм, по само неколку дена откако Брисел го презеде претседателството со Европската Унија. /крај/дв/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.