Македонија
Маневски: Имаме електронско судство
„Со средства од кредитот од Светската банка, средства од буџетот на Република Македонија, со поддршка од УСАИД можеме да кажеме дека денес во Република Македонија имаме електронско судство“.
„Со средства од кредитот од Светската банка, средства од буџетот на Република Македонија, со поддршка од УСАИД можеме да кажеме дека денес во Република Македонија имаме електронско судство“.Ова денеска во Владата на Република Македонија го истакна министерот за правда Михајло Маневски кој на јавноста и ги претстави сајтовите кои се поврзани со работата на судството и на нив се работело во изминативе три години.„Од први јануари во судовите на Република Македонија хартиените записници се заменети со електронски, судските досиеја се водат електронски, судските предмети на судиите се распределуваат електронски, судските пресуди јавно се објавуваат на веб страните на судовите, а судовите генерираат електронски извештаи“, укажа Маневски.Тој рече дека основните цели на електронското судство се јакнење на транспарентноста, ефикасноста, економичноста, а сето тоа во функција на самостојно, независно и ефикасно судство.Министерот направи споредба со 2008 година кога во судството се користеле 1560 компјутери, со оваа година кога се користат 2710 компјутери набавени од Владата на Република Македонија и донации од Светската банка и УСАИД.Тој посочи дека електронското судство е дел од активностите кои се превземени од Министерството за правда со цел за завршување на краткорочните и среднорочните приоритетите за модерно и автоматизирано судство во Република Македонија во насока на зголемувањето на целосната ефикасност во согласност со европските стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

