Контакт

Македонија

НДМ: Новата редакција на МАНУ е анти-македонска

Објавено пред

Ново избраната редакција на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) која треба да ја пишува Македонската Енциклопедија е анти-македонска

dobivaj vesti na viber

Ново избраната редакција на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) која треба да ја пишува Македонската Енциклопедија е анти-македонска

Ова   денеска го изјави првиот човек на Народно Движење на Македонија (НДМ)  Јанко Бачев, додавајќи  дека новиот состав на МАНУ, ќе врши директен заговор врз македонскиот идентитет.

„Дека новата Енциклопедија треба да преставува антимакедонски проект се насетува и од изјавата на ново избраниот редактор, кој пред неодамна самиот тој рече дека, концептот на новата енциклопедија  ќе се  заснова на државотворноста на Македонија. Со ова јасно се гледа дека овој проект е политички и  дека врз идентитетот на Македонците ќе се зададе конечен и завршен удар“,  рече  лидерот на НДМ Бачев.

Тој истовремено упати критики и за резултатите од пописот  на населението од  2002 година, каде според него во земјава лажно е прикажан процент од 25,17  Албанците во земјава. /крај/рќ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Времен сообраќаен режим на патот Понов мост – Богданци

Објавено пред

Од денеска на делницата од Понов мост до влезот во Богданци ќе има времен режим на сообраќај, информира АМСМ. Времениот сообраќаен режим е поради проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во Македонија, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Објавено пред

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот број на Центарот за управување со кризи (112) пристигнати се голем број пријави за поплавени подрумски простории, одрони, поплавени подвозници и улици, прекини на електрична енергија, паднати дрвја и друго.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од ЦУК, екипи на ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово вечерва интензивно работат на нормализирање на состојбата, а сите патни правци се проодни.

-Од страна на ЈКП Тетово сме известени дека подвозникот на влезот во Тетово од кај Скопје кој беше поплавен и непрооден сега е прооден и сообраќајот се одвива редовно. Заглавеното возило од ТППЕ Тетово нај истиот подвозник е тргнато. Исто така, од страна на ЈКП исчистена е шахтата која го блокираша патот кај касарната во Тетово и истиот патен правец сега е прооден, а исто така и патот од кај Спортскиот центар што оди кон касарната од страна на ЈКП е исчистен и прооден, се наведува во соопштението.

Од страна на ЈКП Тетово во најкоро време, се посочува, ќе се интервенира на влезот на Општина Желино каде на подвозникот запушена е шахтата и има насобрано околу два метри вода. Се очекува истиот да биде прооден во наредните часови. Во разговор со шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Желино не извести дека цистерна од ЈКП сеуште не е дојдена и се интервенира со екипа од Комуналното претпријатие од Општина Желино со една пумпа и се очекува на помош да дојде едно возило цистерна од приватна фирма.

Од ЦУК засега немаат добиено информации за излевање на вода од реките и потоците во полошкиот регион како што се Доброшка Река, Поројска Река, Пена, Вардар и останатите.

Од страна на раководителот на РЦУК Тетово Арлинда Мухареми известени се дека раководителот на ДЗС Беким Максути формирал екипа за помош на погодените реони во Тетово и околината опремена со пумпи и останата опрема и тие ќе се вклучат во помош на населението во најкраток можен рок.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Петровец

Објавено пред

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Петровец, соопшти РЦУК – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата Кучково кон ресторанот Стара Буре во општина Ѓорче Петров, а во период од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селата Горно, Долно и Сердно Коњаре, Сушица и Дивље во општина Петровец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија9 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија10 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија12 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет12 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија12 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија13 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија14 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија16 часа

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ20 часа

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...

Свет20 часа

Подготвени сме на било каква акција во Либан, рече израелскиот министер по заканите на Хезболах

Израел е подготвен за секаква акција што може да биде потребна во Газа, Либан и дополнителни области, изјави израелскиот министер...

Македонија20 часа

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава,...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада...

Свет24 часа

Романската воена база наскоро ќе стане најголема НАТО база во Европа: „Зголемено е американското присуство“

Воздухопловната база Михаи Когалничану во Романија се подготвува да стане најголемата воздухопловна база на НАТО во Европа, поголема од Рамштајн...

Свет24 часа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил рано утринава, по...

Македонија1 ден

Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен...

Македонија1 ден

Почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов

На 62-годишна возраст, денес во Кочани, почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Неговите сопартијци се збогуваа со...

Топ2 дена

Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“

Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се...

Македонија2 дена

(Видео) Ставен под контрола пожарот во Кичево

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот...

Топ2 дена

Почина 35-годишно момче во Скопје – му се слошило дома па лекар во Градската болница констатирал смрт

Триесет и петгодишно момче (Е.Д.) почина во Скопје. Тој бил донесен во Градската болница во текот на вчерашниот ден, без...