Спорт
Србија – Турција прва полуфинална двојка
Србија и Турција се првите полуфиналисти на СП во кошарка 2010 откако ги совладаа нивните противници Шпанија, односно Словенија во четвртинафиналните мечеви.
Србија и Турција се првите полуфиналисти на СП во кошарка 2010 откако ги совладаа нивните противници Шпанија, односно Словенија во четвртинафиналните мечеви.Светските прваци Шпанците нема да ја бранат титулата. Во четвртинафиналето беа поразени од Србија со 92:89, откако на три секунди до крајот при 89:89, Милош Теодосиќ од девет метри погоди тројка.Србија добро го отвори мечот и првите две четвртини ги одлучи во своја корист па на полувремето замина со предност од 49:41. Селекторот на Шпанците Серџо Скариоло во вториот дел се одлучи за агресивна одбрана, во која Рики Рубио речиси го исклучи од игра Милош Теодосиќ. Ова вроди со плод бидејки предноста одвреме навреме ја стопуваа, но токму во моментите кога ќе се приближеа кон два три поени разлика, Кешељ и Савановиќ погодуваа тројки. Во финишот Србија лесно го пропушти водството од девет поени, Наваро погоди тројки, па на 25 саекунди до крајот резултатот беше израмнет. Во тајм-аутот Шпанците наместо брз фаул и да го имаат последниот напад ,одлучија да се одбранат без фаул, а Теодосиќ од голема далечина кога истекнуваа последните секунди со тројка ја запечати судбината на црвената фурија. Најдобри во српскиот состав беа Кешељ и Величковиќ со по 17 поени, Савановиќ (15 п. 5 ск.), Крстиќ (13 п. 9 ск.) и Теодосиќ (12 п. 8 ас.). Кај Шпанците најефикасен играч беше Наваро (27 п.), Гарбахоса постигна 18, а Фернандез 15 поени.Турција без поголеми маки ја совлада Словенија со 95:68 во меч во кој постојано го зголемуваа водството. На крајот на третата четвртина Турција водеше со 71:43, па беше само прашање со која разлика ќе биде изразена победата на домаќините на СП во кошарка. Во турскиот состав повторно најефикасен беше Илјасова со 19 поени и 5 скокови, забележителен учинок имаше и Туркоглу (10 п. 4 ск 7 ас). Во поразениот состав Нахбар и Бечиревиќ се издвоија со по 16 поени. Денес победниците од мечевите САД – Русија (17 ч.) и Аргентија – Литванија (20 ч.) ќе ја одредат втората полуфинална двојка. Крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

