Спорт
Олег Блохин нов украински селектор

Поранешниот најдобар фудбалер на Европа, 58-годишниот Олег Блохин е избран за селектор на репрезентацијата на Украина
Олег Блохин наместо Јуриј Калитвинчев кој досега беше в.д. тренер на националниот тим на кодомаќинот на европскиот шампионатЗа Блохин ова е втор ангажман на фудбалската репрезентација на Украина, откако беше селектор во периодот од 2003 до 2007 г. Тогаш под негово водство Украина на светското првенство во Германија во 2006 г. стигна до четвртфиналето каде беше поразена од подоцна светскиот првак Италија. По неуспехот во квалификациите за Европското првенство 2008 во Австрија и Швајцарија во декември 2007 г. поднесе оставка. Потоа легендата на украинскиот и на советскиот фудбал ги водеше екипите на Москва и на Черноморец од Одеса, а во текот на неговата тренерска кариера ги водеше и грчките клубови Олимпијакос, АЕК, Јоникос и ПАОК.„Преземам двојна одговорност, имајќи предвид дека Украина е еден од домаќините на скорешното Европско првенство. Сите очекуваат наш пласман барем во вториот круг од натпреварите. Верувам дека имаме доволно квалитетна екипа тоа и да го сториме.“, рече Блохин.Во текот на неговата плодна играчка кариера, Олег Блохин беше еден од најдобрите европски напаѓачи. Настапувајќи за Динамо Киев постигна 211 а за репрезентацијата на поранешниот СССР 42 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Германија среде Евробаскетот остана без селектор

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот.
Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере.
„Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство.
Мумбру едноставно не можеше целосно да се посвети на кошарката, а Германската кошаркарска асоцијација го објави ова на своите официјални мрежи.
„Во текот на изминатите неколку дена сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот од клупата за време на натпреварите. Решив да ги прилагодам улогите во тренерскиот штаб и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите. Јас сè уште ќе бидам на клупата, ќе го поддржувам тимот и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Мумбру.
Германија ќе игра против Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот во среда од 20 часот.
Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA