Свет
Десет полициски службеници порано работеле за таблоидот

Шефот на лондонската полиција Пол Стивенсон изјави дека 10 од 45 новинари во неговиот оддел за печат, порано работеле за таблоидот „Њуз оф д ворлд“, но демантираше дека имало недозволени контакти.
Шефот на лондонската полиција Пол Стивенсон изјави дека 10 од 45 новинари во неговиот оддел за печат, порано работеле за таблоидот „Њуз оф д ворлд“, но демантираше дека имало недозволени контакти.Стивенсон во сведочењето пред Правниот комитет на британскиот парламент, кој ги истражува случаите за објавените прислушувани разговори во згаснатиот таблоид, призна дека бил непријатно изненаден кога дознал дека поранешниот извршен директор на таблоидот Нил Волис бил ангажиран како консултант за медиуми во полицијата.Запрашан за неговиот однос со Волис, кој беше уапсен минатата недела, Стивенсон одговори дека „нема причина за поврзување на Волис со прислушување на телефоните“ во време додека тој бил ангажиран во полицијата во 2009 година.Стивенсон, кој вчера поднесе оставка на местото шеф на лондонската полиција, призна дека му е крајно непријатно што Волис работел во полицијата, после се она што се појави во весниците.Пред одборот на британскиот парламент во текот на денот треба да бидат сослушани и сопственикот на „Њуз Корп.“, Руперт Мардок, неговиот син Џејмс и поранешната директорка на компанијата Ребека Брукс.Кризата со прислушувањето на телефоните се продлабочува, поради што британскиот премиер Дејвид Камерон ја прекина посетата на Јужна Африка. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ за навредите кон Вучиќ: Во последните 72 часа видовме сè, омраза кон еден човек, желби и надежи дека ќе умре

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, зборуваше за навредите упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
У последњих 72 сата смо видели све – непатворену мржњу према једном човеку, жеље и надања да ће умрети (што пре), салве увреда на његов рачун, као и на рачун његове породице (поново), покушаје да му се уништи живот, како професионални, тако и приватни (најбоље и професионални и…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) May 5, 2025
„Во последните 72 часа видовме сè -омраза кон човек, желби и надежи дека ќе умре (што поскоро), навреди на негова сметка, како и на сметка на неговото семејство (повторно), обиди да му го уништат животот, професионален и приватен. Не бираа ниту средства, ниту зборови и не ги интересираше исходот ниту за Србија, ниту за него самиот, или за неговото семејство. Единствена цел, како и секогаш, беше да му наштетат, да го повредат и омаловажат, да му направат некоја мизерна пакост. И веќе со години тоа е нивната цел, но со години не успеваат во тоа затоа што народот ја цени неговата работа, неговата борба, неговата посветеност и љубов кон Србија.
Се што се обидуваа да му направат во изминатите 13 години беше собрано во изминатите 72 часа. И повторно тој ќе победи, како што ќе победи и Србија. Нетрпеливо чекам да дојде среда навечер, кога сите тие мали, палави души ќе бидат заглавени во место. Само напред, претседателе“, објави Брнабиќ.
Свет
Нетанјаху најави интензивна офанзива во Газа: „Хамас ќе биде поразен“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Појасот Газа ќе биде интензивна воена операција насочена кон пораз на Хамас.
„Населението ќе биде преместено за нивна заштита“, рече Нетанјаху во видео објавено на мрежата „Икс“.
Израелскиот премиер додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа, да започнат напади, а потоа да се повлечат.
„Намерата е спротивна од тоа“, нагласи Нетанјаху.
Тој не објасни детално колку од територијата на енклавата ќе биде окупирана.
Свет
(Видео) Димна бомба фрлена врз премиерите на две европски земји: итно беа евакуирани

Димна бомба беше фрлена врз премиерите на Холандија и Полска, Дик Шуф и Доналд Туск, додека тие зборуваа на комеморативен настан во градот Вагенинген.
На прославата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Холандија, полскиот премиер Доналд Туск се најде во центарот на инцидент кога беше фрлена во негов правец димна бомба за време на церемонијата, непосредно пред да го запали симболичниот „пламен на ослободувањето“.
W TVNie już mówią że przeżył 😂😂😂😂😂
Tusk dostał racą ‼️szkoda że tylko racą? i niech w łeb Ale skurwiela kochają nie tylko w Polsce 😂😂😂😂 Szybko go zabrali do schronu😂 pic.twitter.com/OtnvSltQ9y
— 🇵🇱Bon Scott🇵🇱 (@callofkosa) May 5, 2025
Со него на сцената беше неговиот холандски колега Дик Шуф.
За време на церемонијата, запаливата направа падна пред нозете на полскиот премиер, фрлен од некој во толпата, од кои некои држеа транспаренти со кои беше критикувана војната во Појасот Газа. Туск веднаш беше отстранет од сцената.
Според светските медиуми, овој инцидент можеби бил насочен против полскиот премиер.
Во исто време, за време на претходниот дел од церемонијата, кога зборуваше холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, некои луѓе извикуваа пропалестински слогани.
Холандските медиуми објавија информации за пет апсења.