Свет
„Злетово“ стартува за десетина дена
Во Пробиштип, по искуството со „Ксеминекс“, со многу сомневања ги примаат ветувањата на новите газди
ИНДИСКИТЕ ГАЗДИ НА РУДНИКОТ ВО ПРОБИШТИП
Во Пробиштип, по искуството со „Ксеминекс“, со многу сомневања ги примаат ветувањата на новите газди
Флотацијата и дробилката во рудникот се пуштени во пробна работа и 400 тони руда веќе е издробена и складирана за понатамошна доработка – пишува во соопштението потпишано од Абхој Прасад Мухарџи, директорот на рудникот во Пробиштип, индиската фирма „Индо минералс метал“.
Индијците тврдат дека околу 140 поранешни вработени ќе бидат повикани на работа до крајот на месецов и порачуваат дека во наредното тромесечје, поточно до крајот на октомври, на работа ќе бидат повикани уште 300 поранешни вработени.
Во Пробиштип велат дека се изгорени од искуството со претходните газди, американската компанија „Ксменинекс“, и не им веруваат на Индијците.
– Ништо позначајно не се случува во рудникот. Нема ниту нови машини ниту пумпи, нема ништо. Рудата што е пуштена во флотација најверојатно е од старите резерви во бункерите во флотација или во поткопот од рудникот – вели Станко Миревски, поранешен генерален директор на „Злетово“.
Тој исто така вели дека и поткопот е во многу лоша состојба и не може преку ноќ да се активира.
Во реакцијата од индиската компанија исто така пишува дека во последните три месеци од кога тие станале сопственици на рудникот, а тоа е 11 мај годинава, било рексонструирано јаловиштето, а биле завршени и многу други подготвителни активности за рестартирање на рудникот. Во истото соопштение пишува дека до крајот на овој месец тој конечно ќе почне со работа.
Рудникот за олово и цинк во Пробиштип, своевремено најголемиот рудник за оловоцинкова руда не работи повеќе од 5 години. Откако во 2001 година отиде во стечај, беше продаден на меѓународен тендер. Потоа „Злетово“ за 192.000 долари го купи американската компанија „Ксеминекс“, која со рудникот стопанисуваше околу две години. Зад „Ксменинекс“ останаа само купишта долгови кон државата, кон ЕСМ за неплатена струја и кон доставувачите. Поради ваквите состојби Американците беа принудени да им го отстапат рудникот на Индијците и тоа за неплатени долгови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

