Контакт

Европа

Лавров најави ревизија на концептот на надворешната политика на Русија

Објавено пред

По барање на претседателот Владимир Путин, се разработува нова ревизија на концептот на надворешната политика на Русија, најави во саботата шефот на дипломатија Сергеј Лавров на собранието на рускиот Совет за надворешна и одбранбена политика.

dobivaj vesti na viber

Според Лавров, „периодот на несигурност на глобално поле продолжува, и да се одговори веднаш на сите проблеми и да се измисли некој вид волшебна формила“ е невозможно, особено во сегашната „мозаична и контроверзна“ меѓународна ситуација.

„Истовремено, може да се забележи општа тенденција, и сиве овие трендови ние се трудиме да ги отсликаме во нашите основни документи за доктрината. Како и стратегијата на националната безбедност на Русија и концептот за надворешната политика“, истакнал Лавров.

Станува збор за преминување на нова полицентрична архитектура на светската политика, којашто „идеално, треба да се базира на соработката меѓу водечките центри на моќ во интерес на заедничкото решавање на глобалните проблеми“, додал шефот на руската дипломатија.

„Ваквите визии се присутни во многу земи, иако, како и во сите претходни историски етапи, автоматизмот во меѓународните односи не постои. И не постои никаква гаранција дека позитивната насоченост ќе надвладува“, рекол Лавров.

Последен пат концептот на надворешната политика на Русија беше ревидиран во 2013 година./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Европа

(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Објавено пред

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.

„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.

Прикажи повеќе...

Европа

Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Објавено пред

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.

dobivaj vesti na viber

„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.

Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.

„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Сателитски снимки: како изгледа клучната руска база пред и по украинскиот напад

Објавено пред

Нови сателитски снимки од руската воздухопловна база Енгелс, која вчера беше погодена од украински беспилотни летала, се направени утрово, а на нив се гледаат кратери и уништени згради.

dobivaj vesti na viber

На снимките се споредува денешната ситуација со онаа од декември 2024 година. Фотографиите ги објави американската компанија Maxar Technologies.

Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа мети на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави вчера гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија5 часа

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија5 часа

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија6 часа

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија8 часа

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ8 часа

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија8 часа

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет9 часа

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...

Свет11 часа

(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од...

Македонија12 часа

За трагедијата во Кочани со 59 жртви осомничени се 34 лица

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител...

Топ22 часа

Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30...

Македонија23 часа

(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ...

Македонија1 ден

Тошковски: Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава за медиумите повика на целосна мобилизација на сите институции и потенцира...

Македонија1 ден

За да добива лиценци, сопственикот на „Пулс“ со години користел незаконски проект, а подмитил и службеник, според истрагата

Верижните пропусти и незаконитите дејства на одговорните и на службените лица довеле до смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани....

Македонија1 ден

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи,...

Македонија1 ден

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега во „Систина“, велат од болницата

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во...

Македонија1 ден

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и...

Македонија1 ден

Дискотеката имала устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде...

Македонија1 ден

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија1 ден

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...