Европа
Абрини призна дека е „мажот со шапката“ од бриселските напади
Еден од мажите уапсени во петокот во Брисел и обвинет во саботата за тероризам признал дека тој е „мажот со шапката“ на снимките од безбедносните камери од бриселскиот аеродром Завентем од 22-ри март кога во два терористички самоубиствени напади беа убиени 32 луѓе, објави во саботата вечерта белгиското обвинителство.
На познатата снимка од надзорните камери на еродромо тројцата мажи туркаат колички за багаж. Двајцата од нив веќе се идентификувани како бомбашите самоубијци Наџим Лахрави, кој е крајно лево на снимката, и Ибахим Ел Бакрави, во средината. Третиот човек, во светла јакна, со очила и со темна шапка, исчезнал пред нападот, оставајќи ја количката со торба во која била експлозивна направа, и тоа со поголема разорна моќ отколку оние кои ги имале другите двајца бомбаши. Таа бомба експлодирала дури подоцна со контролирана детонација од страна на полицијата, откако терминалот и аеродромот биле евакуирани. Доколку експлодирала истовремено со претходните две, бројот на жртвите би бил значително поголем.
Кон крајот на март во Брисел беше уапсен Фејсал Шефу, откако се појави информацијата дека тој е третиот терорист од снимката на надзорните камери, оној во светлата јакна и со црна шапка на главата. Според податоците кои протекоа од истрагата, него го препознал таксист кој ги превезувал тројцата бомбаши на аеродромот, но тоа не е доволно и официјално да се потврди идентитетот на тоа лице. Дополнителните истраги покажале дека Фејсал Шефу не е човекот од снимката.
Мохамед Абрини, 31-годишен белгиски државјанин од мароканско потекло, беше осомничен дека учествувал и во париските и во бриселските терористички напади. Неговите отпечатоци од прсти и ДНК се најдени во стан во бриселскиот кварт Шарбек, од кој терористите со такси возило тргнале кон аеродромот Завенетем на 22-ри март.
Обвинителството во саботата вечерта објави дека, откако бил соочен со снимките, Абрини признал дека тој е мажот по кој полицијата трага веднаш по нападите во Брисел. „Немаше избор“, изјавил портпаролот на белгиското обвинителство за Абрини кој беше уапсен во петокот навечер. Откако ја напуштил аеродромската зграда, Абрини ја фрлил светлата јакна во канта за отпадоци, а шапката ја продал, дознале иследниците.
На листата најбарани бегалци во Европа, Мохамед Абрини беше ставен во декември минатата година, кога надзорните камери го снимиле на бензинска црпка заедно со осомничениот Салах Абдеслам, додека се возеле од Брисел во Париз, два дена пред нападите на 13-ти ноември кога во француската престолнина беа убиени 130 луѓе.
Претходно во саботата белгиското државно обвинителство обвини четири лица, вклучително и Абрини, за учество во активности на терористичка организација и за вмешаност во нападите во Брисел и Париз.
Иследниците сé уште не знаат што станува со лицето кое е снимено на станицата Малбек на бриселската подземна железница. На снимката може да се види тоа лица, кое носи голема торба, разговара со бомбашот самоубиец Калид Ел Бакрави, братот на самоубиецот од аеродромот Завентем, непосредно пред нападот. Се разгледуваше можноста дека можеби станува збор едноставно за некој кој поставил едноставно прашања за тоа колку е часот или за некој правец во метрото или некоја слична информација, како и дека можеби станува збор за терорист. Не беше познато дали тоа лице излегло од подземната станица пред експлозијата или и тоа е меѓу загинатите.
Во врска со оваа истрага, белгиските медиуми во саботата пишуваат дека тоа лице исто така е обвинето за тероризам и е идентификувано како Осама Крејем, шведски државјанин од Малме. Тоа лице е снимено во друштво на бомбашот Калид Ел Бакрави непосредно пред нападите на станицата Малбек. Обвинителство, исто така, потврди дека тоа лице во трговскиот центар City2 во центарот на Брисел ги купило торбите во кои терористите го имале експлозивните направи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.