Македонија
Македонија е претворена во црно-бела приказна
Надеж за унапредување на демократските процеси во поглед на слободата на говорот и обезбедување на поголема независност во македонското новинарство, изразија дискутантите на денешната дебата „Слобода наместо страв“.
Надеж за унапредување на демократските процеси во поглед на слободата на говорот и обезбедување на поголема независност во македонското новинарство, изразија дискутантите на денешната дебата „Слобода наместо страв“.„Македонија е претворена во црно-бела приказна и се што е сиво мора да оди на едната или на другата страна,“ заклучи Роберто Беличанец од Центарот за истражување и развој на медиуми на дебатата во која учествуваа и Јосиф Ќурчиев – новинар, Ерол Ризаов – извршен директор на Утрински Весник, Маргарита Цаца Николовска – Претседател на Институтот за човекови права, и Сефер Тахири – професор на ЈИЕ – Тетово.
Учесниците се осврнаа на заштита на правото на изразување на мислата од аспект на новинарите и медиумите како и за ставот на новинарите во поглед на правото на здружување и јавен протест во Република Македонија по случувањата во изминатиот период.„Ако ги погледнеме извештаите на меѓународните организации за слободата на медиумите, ќе видите дека ако ги тргнеме параметрите како што се број на убиени новинари или број на затворени весници, по другите параметри Македонија е речиси последна во Евроазискиот регион,“ рече Беличанец.Главен фактор за цензура во медиумите, според Сефер Тахири, е сопственоста на медиумите бидејќи сопствениците кои се политички активни ја наметнуваат цензурата на главните уредници а понатаму таа се проширува и кај новинарите што на крај произведува и автоцензура на самите новинари.„Поради недостатокот од дебата или водењето на дебати помеѓу истомисленици, јас предвидувам дека ќе се јават нови форми на отпор, инаку Македончето нема да си ја заслужи државата,“ изјави Ерол Ризаов говорејќи за дебатите како клучен фактор за демократија во едно општество.Маргарита Цаца Николовска, истакна дека би сакала во брзо време да види барем една пресуда од Уставниот суд на Македонија во која новинарите ќе го образложат кршењето на правото на слобода на изразување.Дебатата ја организираше невладиниот Институт за човекови права./крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.
Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.
Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.
Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.
Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.
„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.
Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.
Македонија
Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.
Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.
За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.
Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.
Македонија
(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

