Македонија
Од стан во Скопје украдени 580.000 денари

Тешка кражба се случила пред два дена, во времето од 06,00 до 21,00 часот во Скопје на ул.„Гаврил Константиновиќ“, во станот сопственост на К.М..
Тешка кражба се случила пред два дена, во времето од 06,00 до 21,00 часот во Скопје на ул.„Гаврил Константиновиќ“, во станот сопственост на К.М.. За засега непознат сторител од станот одзел 580.000 денари, разновиден златен и сребрен накит, еден ресивер и др, со што е причинета вкупна материјална штета од околу 640.000 денари. Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со употреба на погоден предмет насилно ја отворил балконската врата од дневната соба, влегол внатре и извршил претурање и пребарување во детската, спалната и дневната соба, каде ги пронашол и одзел наведените предмети, по што го напуштил лице местото. ПС-Аеродром превзема мерки за пронаоѓање на сторителот. крај/мвр/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)