Контакт

Сервисни информации

Внимателно на патиштата поради мокрите коловози, пренасочување за камиони кај Војшанци

Објавено пред

На регионалниот пат Р-2137 пред Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137, делница Демир Капија – Корешница – Војшанци.
 

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, но имајќи го предвид завршувањето на продолжениот викенд за Велигденските празници во попалдневните часови се очекува згоемена фреквенција на патните правци кои водат од туристичките центри

На граничните премини, исто така, во раните утрински часови нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движењето и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица ќе се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Катланово-Велес, воведена е времена измена на режим на сообраќај поради изведување на градежни работи, односно осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

Поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренсочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на „Лукоил“ до клучката за с. Ротино и натаму продолжува со важност.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот ке се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Времена измена на режим на сообраќај има и на магистралниот пат A3б/A4е, делница Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ќе се вршат геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Од средината на декември се започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10, и сообраќајот се одвива под времен режим.

Се изведуваат градежни работи и на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, во периодот од 12.01.2016 до 12.07.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 11-уп-143/4 од 12.01.2016 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија.Се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На сите патни правци каде се изведуваат градежните работи поставена е соодветна патна и сообраќајна сигнализација./крај/амсм/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет2 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет2 часа

(Видео) Иран испука нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатија на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет2 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет3 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет9 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...

Свет12 часа

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели....

Македонија14 часа

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на...

Свет15 часа

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер...

Свет15 часа

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство....

Македонија17 часа

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет17 часа

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласа досега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и...

Македонија18 часа

(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани. Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос...

Македонија18 часа

(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели...

Македонија20 часа

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е...

Македонија20 часа

(Фото) По седум години, повторно се отвори етнокомплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место,...

Македонија21 час

Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат вакви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта при изведба на градежни работи во близина на кампот...

Македонија23 часа

Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и...