Свет
Полско-италијанска тутунска мафија ги потиснува Балканците
Полско-италијанска тутунска мафија им презеде добар дел од шверцот со цигари на Балканските мафии, особено на црногорската, косовската и албанската
Полско-италијанска тутунска мафија им презеде добар дел од шверцот со цигари на Балканските мафии, особено на црногорската, косовската и албанската мафија.
Ова го пишува италијанскиот весник „Република“, наведувајќи дека двајца кумови на неаполитанската мафија се преселиле во Полска да го надгледуваат бизнисот.
Цигарите од Украина и дел од останатите поранешни Советски републики, преку Полска се испраќаат во Италија.
Заработувачката на неаполитанската мафија е огромна, ако се знае дека една кутија цигари во Украина се купува за половина евро, а исто толку наплатуваат и полските шверцери, за да ја допремат до Италија, каде се продава за 2,5 до 3 евра.
Благодарение на новата Полска врска, заработувачката на италијанската мафија во последните 18 месеци е зголемена за три пати, предупредува италијанската полиција, која во наведениот период успеала да заплени над 260 тони шверцувани цигари. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.