Регион
Албанската опозиција ја осуди изјавата на Рама за ветото за Македонија

Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за поставување на вето од страна на Албанија за прием за членство на Македонија во НАТО, ако не се исполни Охридскиот договор, е остро критикувана од страна на екс претседателот на Собранието на Албанија Јозефина Топали.
Топали која е и висок партиски претставник на опозиционата Демократска партија, пред албанските пратеници рече дека таквото вето за Македонија директно негативно ќе влијае врз интеграцијата на Албанија во ЕУ.
Албанските аналитичари оценуваат дека реакцијата на Топали е реакција на албанската опозиција , која засега не ја поддржа изјавата на Рама за поставување на вето за Македонија за прием во НАТО.
Дел од медиумите, пак, додаваат дека актуелните изјави на функционерите на власта и опозицијата во Албанија се даваат и заради подигање на рејтингот пред локалните избори кои ќе се одржат за 30 дена во Албанија./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.