Европа
Кличко во Берлин бара помош за изградба на ѕид на границата со Русија
Апелот на градоначалникот на украинската престолнина Киев, боксерскиот шампион Виталиј Кличко со кој од Германците бара финансиска помош и технички информации кои би овозможиле изградба на ѕид по должината на источната украинска граница за да се спречат наводните руски упади во Украина предизвика големо чудење кај присутните во Берлин.
Молбата на Виталиј Кличко особено изненадува во политичка смила, имајќи предвид дека Берлин со цврстата граница меѓу источниот и западниот дел беше поделен цели 28 години и Берлинскиот ѕид преставуваше симбол на Студената војна а неговото уривање го означи обединувањето на идеолошки поделената Германија.„Би биле пресреќни кога би добиле помош од сите пријатели на Украина“, изјави поранешниот боксер кој поголемиот дел од животот го мина во Германија.Кличко објасни дека подигнувањето на ѕидот би го оневозможило руско доставување на помош во оружје и луѓе за проруските бунтовници, како што тврди Киев, додавајќи дека германската финансиска помош и ноу-хау би биле дочекани во Украина со благодарноста.На почетокот од септември, украинскиот премиер Арсениј Јаценјук најави дека властите во Киев кој дојдоа на власт во февруари по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович, планираат да изградат ѕид по должината на границата со Русија. „Одлуката за обезбедување на границата е слободна волја на Украинците. И е разбирлива“, изјави Кристине Вурц, портпаролката на германската канцеларка Ангела Меркел.Од германската влада соопштија дека досега не добиле никакво официјално барање да о поддржат таквиот проект, ниту е запознаена дека постојат планови за изградба на ѕидот./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето
Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.
Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.
‼️ A defense-industrial company factory is on fire in Berlin
According to media reports, a fire with toxic smoke occurred at a metallurgical plant of the defense-industrial company Diehl. The company is the main contractor of the IRIS-T production program and ammunition for this… pic.twitter.com/jZBBXTEdSm
— NEXTA (@nexta_tv) May 3, 2024
Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:
„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.
Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.
Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.
Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.
Feuer mit Explosionen in Berlin Lichterfelde am 03.05.2024 #Feuerwehr #brand pic.twitter.com/4hZG5XekU0
— Niko (@nl_an) May 3, 2024
Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.
По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.
Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.
Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.
Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.
Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.
Европа
Борис Џонсон го вратија од гласање, дојде без лична карта: се обиде да го заобиколи сопствениот закон
Борис Џонсон (59), поранешниот британски премиер, во четвртокот бил вратен од избирачкото место, откако се обидел да гласа без лична карта, односно документ со фотографија. Како што пренесува „Гардијан“, Џонсон се обидел да го измами сопствениот закон, бидејќи токму за време на неговиот мандат во Велика Британија била донесена одредба со која се барал документ со фотографија за гласање.
Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година по мандатот обележан со бројни скандали, беше предупреден на избирачко место во Оксфордшир (Јужна Англија) дека мора да го има потребниот документ за докажување на неговиот идентитет. На гласачкото место му дозволија да гласа на локалните избори кои се одржаа низ цела Англија.
Портпаролот на поранешниот премиер изјави дека Џонсон гласал за конзервативците. Тој не ги демантираше пишувањата на медиумите дека поранешниот премиер немал лични документи со фотографија. Минатата година на изборите по промената на законот, околу четири отсто од испитаниците се изјасниле дека не гласале токму затоа што немаат документ со фотографија. Тоа е нешто помалку од околу 800.000 гласачи.
Владата на Џонсон го промени изборниот закон за да ја ограничи можноста за изборен фалсификат, а опозицијата остро ги критикуваше властите за потенцијално обесправување на делови од гласачкото тело. Претходно, гласачите требаше да го дадат само своето име и адреса за да гласаат.
„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што гласаат да покажат некаков доказ за идентитетот“, рече Џонсон во 2021 година за новите правила.
Ова е само последниот инцидент во неговата шарена политичка кариера. Како премиер беше снимен како се крие во фрижидер додека новинарска екипа го бараше за интервју, пренесува медиумот.
Истражувањето спроведено од „YouGov“ покажало дека 14 отсто од Британците пред локалните избори не знаеле дека постои правило за идентификација на гласачите со помош на лични документи.
Европа
Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе бидат одговорени со силна одмазда.
„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејства против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат одговорени со силна одмазда“, рече Захарова на прес-конференцијата, пренесе ТАСС.
Крим е полуостров со оспорен статус, тој е под де факто контрола на Русија и е поделен на два субјекта на Руската Федерација, Република Крим и град со федерален статус Севастопол, пренесува медиумот.
Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.