Свет
Бројот на загинати во свлечиште во Кина се искачи на 337

Најмалку 337 лица загинале, а 1.148 се водат како исчезнати во свлечиште во северозападната кинеска провинција Ганс, јави во понеделникот агенцијата Ксинхуа.
Најмалку 337 лица загинале, а 1.148 се водат како исчезнати во свлечиште во северозападната кинеска провинција Ганс, јави во понеделникот агенцијата Ксинхуа.
Реки кал големи колку трикатна зграда прекриле површина од околу пет километри, соопштија спасувачките служби кои со лопати и голи раце се обидуваат да дојдат дојда до загрозените жители.
Во провинцијата Ганс, која е зафатена со поплави и свлечиште уште од саботата, претежно живее Тибетантско населениеВластите досега испратиле околу 2.400 војници и 100 доктори за да го згрижат локалното население.
Според официјалните податоци, во поплавите во Кина оваа година, кои беа предизвикани од невообичаените дождови, загинале 2.100 лица, а неколку милиони се раселени. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.
Свет
Индија и Пакистан воспоставија први контакти по новата ескалација

Индија и Пакистан ги воспоставија своите први контакти од почетокот на кризата и разменија пораки, објавија светските агенции во саботата, а пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека Пакистан ќе разгледа мир доколку Индија ги прекине воените дејствија.
Тој во саботата за „Гео њуз“ изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „топката е во дворот на Индија“, објави агенцијата ДПА.
„Војната не е наш приоритет и ние навистина сакаме мир, но без хегемонија на која било земја“, рече Дар, кој е и заменик-премиер на земјата.
Дар рече дека неговите разговори со светските лидери, вклучувајќи ги Рубио и саудискиот министер за надворешни работи во саботата наутро, биле „позитивни“ и дека се надева оти разговорите со Индија би можеле да започнат.
На прашањето за контактот меѓу армиите на двете земји по последната рунда напади, Дар рече дека „биле разменети пораки од двете страни“.
Ројтерс, повикувајќи се на индиски медиуми, објави дека индиски и пакистански претставници разговарале во саботата.
Ситуацијата се влоши во саботата откако Пакистан започна напад врз соседната земја во кој тврдеше дека уништил индиски систем за воздушна одбрана со хиперсонични ракети.
Нападот се случи откако Пакистан објави дека Индија испалила ракети врз неколку воени бази.
Свет
(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како одговор, започнал голема воена операција наречена „Бунџанун Марсус“.
Индиските власти го обвинија Пакистан дека користи суперсонични ракети со долг дострел за напад врз нивните воени бази, додека во исто време од индискиот дел на Кашмир пристигнуваат извештаи за жртви, вклучително и за еден висок функционер.
Како изгледа Џаму, град во индискиот дел по гранатирањето од Пакистан.