Црна хроника
Експлозивна направа пронајдена кај локалот „Жабар“ зад Владата
Скопјанец во четвртокот пријавил во Полициската станица Кисела Вода дека пред десетина дена на кејот на реката Вардар, во близина на познатиот локал „Жабар“, зад зградата на Владата пронашол експлозивна направа, информираат во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата станува збор за минско-експлозивна направа (со ознака AGL 30мм), којашто 63-годишниот скопјанец десетина дена ја чувал во својот дом. Други информации, за моќноста и потеклото на експлозивната направа, засега не се дадени.
Ноќта на 10-ти април годинава експлозија одекна до зградата на Владата од страната на споменикот на НОБ, исто така, кон кејот на Вардар. Некаде околу 21 часот силната експлозија тогаш ги вознемири граѓаните од околните згради. Во експлозијата немаше повредени и не беше предизвикана никава материјална штета.
Владата и претходно неколкупати беше мета на вооружени напади, но полицијата нема откриени кој стои зад инцидентите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени во Скопје и Битола искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.В. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 16.45 часот во СВР Битола, В.Т.С.(47) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола била касната од куче скитник.
Во СВР Битола на 13.01.2025 во 16.45 часот А.И.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Пронајдена дрога кај осуденик во затворот во Битола
Синоќа во 19.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени прилепчани: украле повеќе предмети од хала
Вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.