Спорт
Барса сигурна на гости, Реал се измачи дома

Во саботата беше неверојатен ден за Барселона, чиишто играчи поради штрајкот на контролорит ена летањето во Шпанија мораа да водат трка со времето за да стигнат навреме на мечот во Памплона, која на крајот ја добија уверливо
Првично Барселона соопшти дека мечот со Осасуна е одложен за во недела заради штрајкот на контролорите, но нaбрзо Шпанската фудбалска федерација демантираше и обајви дека мечот мора да се одигра во сабота навечер со почеток во 20 часот. Така набрзина каталонците се спремија за пат со воз и во 16 часот попладне во саботата тргнаа со супербрзиот воз кон Сарагоса. Таму ги пречекал автобус кој на стадионот во Памплона ги довезол точно во 19.55 минути. Сепак, мечот беше накусо одложен, и започнаточно во 20.50 часот.Иако четири часа патуваа и сметаа дека во сабота нема да играат по што настанало мало опуштање кај играчите на Барса, сепак тие одиграа уште еден супериорен меч. Лионел Меси ја повтори инспиративната игра опротив мадридски Реал кого Барса го демолираше минатото коло со 5:0. Прво во 25. минута Меси го проигра Педро за водство од 1:0, а во второто полувреме самиoт беше двапати стрелец, во 64. минута откако беше проигран од Давид Виља, а потоа во 82. минута ефектно реализираше пенал кој беше направен врз него од страна на Серхио. Инаку ова беше прв домашен пораз на Осасуна на домашен терен сезонава, но на гостински терен екипата на легендата на шпанскиот фудбал Хосе Антонио Камачо има катастрофален учинок па е на 12-то место на табелата во Примера. Со многу мака и се чини со една погрешна судиска одлука Реал успеа брзо да го преболе дебаклот против Барса. Четата на Жозе Мурињо не прикажа игра каква што ја прикажувааше во мечевите пред дебаклот на „Камп Ноу“, но стигна до многу важна победа во дербито од 15-то коло на Ла Лига. Во последната четвртина од мечот, Кристијано Роналдо со два погодока ја совлада Валенсија со што повтроно со 16 голови, еден повеќе од Меси, е на врвот од листата на стрелците во шпанскиот фудбалски шампионат. Реал во игра во којашто создаде повеќе прилики за водство, но и во која свои шанси имаше и Валенсија, доби огромна предност откако во 64. минута поради втор жолт картон за наводно играње со рака од игра беше исклучен игралот од средината на гостите, Давид Албелдо. Роналдо прво во 74. минута погоди по проигрувањето на Месут Озил а во 86. минута по типична за него соло акција со „хеликоптер“ го мина Рикардо Коста и од шест-седум метри биеше неодбранливо во десната страна од голот на Валенсија. Со оваа победа Реал го сочува стоотстотниот ефект на домашен терен од седум победи во исто толку мечеви и остана на два бода заостанување зад водечката Барселона. Валенсија, пак, остана на 5-то место.Претходно во саботата во првиот меч од 14-то коло, Леванте без големи напори го совлада нестабилниот Атлетико Мадрид со 2:0, со головите на Нано во 3. и Каичедо во 58. минута. Леванте моментално е 15-ти со 14 бодови со можност да биде надминат од Расинг кој има исти број бодови но и меч помалку, додека Атлетико Мадрид моментално е на 7-та позиција соможност да падне дури до 12-то место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.