Македонија
Делавекурас: Негативната кампања од Скопје спречува решение
																								
												
												
											За официјална Атина, последната средба на премиерите Никола Груевски и Лукас Пападимос е знак дека процесот за надминување на спорот со името продолжува.
За официјална Атина, последната средба на премиерите Никола Груевски и Лукас Пападимос е знак дека процесот за надминување на спорот со името продолжува.
Но, сепак, според портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, вистинскиот ефект од разговорите зависи од политичката волја на двете страни. Додека тој посочува оти Атина е конструктивната страна, обвинува дека Скопје продолжува со негативна политика кон јужниот сосед.
„Нашата земја придава големо значење на запирањето на негативната пропаганда против Грција во поранешната југословенска Република Македонија, но за жал, и покрај одржаните средби и разговори, гледаме дека овие напади продолжуваат на сите нивоа“, вели Делавекурас, посочувајќи на последните изјави на претседателот Ѓорге Иванов и на шефот на дипломатијата Никола Попоски.
„Како може да говориме за решение, кога постојано се поттикнува јавното мислење во Скопје да има негативен став кон Грција?“, вели Делавекурас.
Притоа Делавекурас не изнесе повеќе детали за состанокот меѓу Груевски и Пападимос, упатувајќи на изјавите од кабинетите на двајцата премиери по бриселската средба. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

