Спорт
Јелена Докиќ и Сара Ерани загубија на стартот

За австралиската тенисерка Јелена Докиќ ВТА турнирот во Мајами заврши уште во првото коло. Таа загуби од Русинката Динара Сафина во два сета со по 4:6.
За австралиската тенисерка Јелена Докиќ ВТА турнирот во Мајами заврши уште во првото коло. Таа загуби од Русинката Динара Сафина во два сета со по 4:6. И Италијанката Сара Ерани предвреме заврши со натпреварите по поразот од Јарослава Шведова од Казахстан со 3:6, 7:5, 7:6 (5).Останати поважни резултати 1 коло:Бетани Матек Сендс – Софија Ардвидсон 6:2, 6:1Јелена Веснина – Гизела Дулко 6:1, 6:3Шуаи Пенг – Грета Арн 6:1, 6:2Сања Мирза – Аранча Пара 6:2, 6:4Кимико Дате – Зузана Ондрашкова 6:4, 6:3Барбора Захвалова Стрицова – Слоун Стифенс 6:4, 6:2 Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атланта го „врза“ Даниелс со 100 милиони долари

Австралискиот бек Дајсон Даниелс го продолжи договорот со Атланта Хокс.
Дајсон Даниелс е одличен австралиски бек од Атланта кој веќе се смета за еден од најдобрите дефанзивци во НБА, особено на периметарот.
„Јастребите“ го искористија последниот ден од рокот за продолжување на договорите во НБА лигата и успеаја да го врзат Даниелс потпиша четиригодишен договор од 100 милиони долари.
„Возбудени сме што потпишавме долгорочен договор со Даниелс. Возбудени сме што ќе го гледаме како продолжува да расте со нашиот тим“, рече генералниот менаџер на Атланта, Онси Сала, според официјалната веб-страница на Хокс.
Во 2022 година, Даниелс беше избран од осмата позаиција на драфтот од страна на Њу Орлеанс Пеликанс, а во замена за Дежонте Мареј пристигна во Алтанта, што беше полн погодок.
Минатата сезона, тој одигра 76 натпревари за Хокс и имаше просек од 14,1 поен, 5,9 скока, 4,4 асистенции и дури три украдени топки по натпревар.
Дајсон Даниелс е добитник на наградата MИП за минатата сезона, односно наградата што му се доделува на играчот кој најмногу напредувал.
Спорт
Руни за Салах: Годините играње на врвно ниво си го направија своето

Ливерпул минува низ криза во каква што не бил од 2014 година. „Црвените“ се поразени на последните четири натпревари, три пати во Премиер лигата.
Критичарите сметаат дека главни виновници за лошите резултати на актуелниот шампион се Флоријан Вирц (платен 125 милиони евра) и најдобриот играч и стрелец Мохамед Салах.
Египќанецот е во очигледен пад на формата оваа сезона, па затоа се повеќе луѓе пишуваат за неговото заминување од Ливерпул.
Вејн Руни верува дека годините играње на врвно ниво си го направиле своето.
„Мислам дека Салах одигра премногу натпревари во последните неколку години, тој беше главен играч и беше под голем притисок. И сигурно беше меѓу најдобрите пет играчи во Премиер лигата во последните години. Долго играше во континуитет и сега тоа дојде на наплата. Не би ме изненадило ако замине во јануари или следното лето. Обожувам да го гледам, тој е фантастичен играч, но годините играње на врвно ниво си го направија своето“, рече Руни.
Се верува дека по Ливерпул, Салах ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, од каде што веќе имаше астрономски понуди.
Салах има договор до летото 2027 година.
Спорт
„Да ми зборуваше некој за титулата пред два месеци, ќе му кажев дека е идиот“

По големата победа во Остин, Макс Ферстапен се врати во трката за шампионската титула во Формула 1.
Четирикратниот светски шампион, на пет трки до крајот на сезоната нима само 40 поени помалку од лидерот Оскар Пјастри. Возачот на Мекларен пред само четири трки имаше 104 поени повеќе од Холанѓанецот.
Ферстепен победи на три од последните четири трки, со огромна разлика во Италија, Азербејџан и Остин, додека беше втор во Сингапур зад Џорџ Расел. Дуото на Мекларен, Пјастри и Норис, се мачат од другата страна, а Макс е се поблиску.
„Шансата е тука“, рече Верстапен по победата во Тексас, нагласувајќи дека сега, за прв пат оваа сезона, отворено гледа реална можност повторно да ја освои титулата.
„Да ми го кажеше тоа некој пред само два месеци, ќе му кажев дека е идиот. Сепак, го подобривме автомобилот, подобро разбираме како функционираат работите и тоа е главната разлика.“
Мекларен признава дека конкуренцијата го зголемила темпото. Шефот на тимот, Андреа Стела, рече дека мора да се прилагодат на притисокот во финишот на сезоната.
Во шампионатот остануваат уште пет трки, а доколку Ферстапен ја освои титулата, тоа ќе биде еден од најголемите подвизи во историјата на најбрзиот караван.
Foto/ EPA