Спорт
„Старата дама“ против Интер во дербито на Италија
Дербито на Италија, пресметката помеѓу Јувентус и Интер е најпривлечниот дуел во рамките на 25-то коло, во Серија А. Во пресерт на дербито Јувентус се наоѓа на осмата позиција со 38 бода, актуелниот првак Инер е третото место и има шест бода повеќе од „старата дама“. Епитетот дерби го носи и натпреварот кој на „Олимпико“ ќе го одиграат Рома и Наполи. Гостите од Неапол не се откажуваат од борбата за титулата, тие се на второто место на табелата со 46 бода, три помалку од водечкиот Милан. Рома дербито ќе го дочека од седмата позиција, римјаните имаат освоено 39 бодови. Во зависност од резултатите на овое две средби може да профитира лидерот Милан кој во ова коло на донашен терен е асолутен фаворит против Парма. Комплетни двојки:Сабота, 12 февруариМилан-ПармаРома-НаполиНедела, 13 февруариПалермо-ФиорентинаБари-ЏеноваБреша-ЛациоКаљари-КиевоКатанија-ЛечеЧезена-УдинезеСампдорија-БолоњаЈувентус-Интер. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Српски тренер ќе води тим на Ол стар натпреварот
Дарко Рајаковиќ дека ќе предводи еден од трите тима на Ол-стар викендот, pотврди неговиот тим Торонто Репторс.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, го именуваше Дарко Рајовиќ за тренер на тимот кој e составен од неамерикански играчи за време на Ол-стар викендот.
Ова е голема чест за тренерот од Чачак, бидејќи странците никогаш не биле тренери на Ол-стар натпреварот.
Покрај Рајаковиќ, тренери на преостанатите два тима ќе бидат Џеј-Би. Бикерстаф од Детроит и Мич Џонсон од Сан Антонио.
Торонто Репторс на Рајаковиќ играат далеку над очекувањата оваа сезона. Тие моментално се четврти на Западот со резултат од 30-21.
Во својот Ол-стар тим Рајаковиќ ќе ги има Јанис Адетокунбо, Паскал Сијакам, Лука Дончиќ, Шеј Гилџис-Александер, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Дени Авдија и Џамал Мареј.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ го напушти Мелбурн со пет историски подвизи
Новак Ѓоковиќ не го сруши најважниот рекорд во Мелбурн, 25-тиот триумф на Гренд слем турнирите, но сепак сруши пет други.
Веб-страницата на АТП, објави што постигна најдобриот тенисер на сите времиња на неодамнешното Отворенено првенство на Австралија.
1. Тој сега има најмногу победи на овој турнир. До оваа година, Роџер Федерер беше рекордер со 102, Ноле го надмина, сега има 104 победи.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер бидејќи Серена Вилијамс во женска конкуренција има 92.
Српскиот ас е рекордер по број на титули веќе три години со дури десет. Кај жените, Маргарет Корт има најмногу трофеи, 11, со фактот дека најмногу (седум) освои во аматерската ера, кога професионалците не можеа да играат на Гренд слем турнирите.
2. Ѓоковиќ е првиот во историјата што надмина 400 победи на Гренд слем турнирите. Во кариерата има 402 победи. Тој беше рекордер до сега, но сега ја сруши оваа бариера. На второто место е Федерер со 369.
3. Новак е најстариот финалист на Австралија Опен во Опен ерата, од 1969 година. На другите три Гренд Слем турнири, Опен ерата започна во 1968 година, а во Мелбурн една година подоцна. Претходниот рекордер беше Кен Роузвол, кој имаше 37 години во 1972 година. Австралијанецот ја освои титулата таа сезона и е рекордер, односно тој е највозрасниот Гренд слем победник.
Интересно е што Ѓоковиќ е најстариот шампион на еден од овие турнири надвор од Австралија. Последен пат освои голема титула на Ју-ес опен во 2023 година, кога имаше 36 години и три месеци и е третиот најстар играч на листата.
Рекордер е Роузвол со 37 години и речиси два месеци. На втората позиција е Федерер, кој имаше 36 години и пет месеци во 2018 година кога победи на Австралија опен.
Значи, двајцата најстари шампиони на Гренд Слем во Опен ерата славеа во Австралија. Од друга страна, Ѓоковиќ е најстариот шампион на Опен ерата и во Њујорк и во Париз, додека Федерер е во Лондон.
4. Ѓоковиќ го сруши својот рекорд од 37 финалиња на Гренд слем турнири во Мелбурн. Сега има 38. Крис Еверт е втора на таа листа со 34.
5. Ова е седмо големо финале за Ѓоковиќ откако наполни 35 години. Роузвол сега има шест.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џејмс Харден во Кливленд Кавалирс
Кливленд Кавалирс постигнаа договор со Лос Анџелес Клиперс во врска со Џејмс Харден, а плејмејкерот прифати да биде „трејдуван“ во Охајо.
Кливленд, според договорот го доби Џејмс Харден и избор од втората рунда, а ЛА Клиперс се засилија со Дариус Гарланд и избор од втората рунда отидоа на драфтот.
Исто така, Дариус и Винстон Гарланд стануваат уште еден тандем татко-син кој играл за Лос Анџелес Клиперс во еден момент од своите кариери.
Американските медиуми пишуваат, дека Кливленд до крајот на преодниот рок (5.февруари) подготвува вистинска „бомба“, која се вика Јанис Адетокумбо.
Според овие извори, Кавалирс го понудиле Еван Мобли и голем број пикови на наредните драфтови.

