Спорт
НБА:Конечно победија и Кавалирси
Екипата на Кливленд Кавалирс ја прекина двомесечната агонија и забележа победа во НБА лигата.Серијата од 26 порази, најдолга во историјата на американскиот спот, Кливленд ја прекина на натпреварот со ЛА Клиперс. Кливленд на домашен терен забележа победа во продолжението од 126:119. До само деветтата победа оваа сезона Кавалирси ги предводеше Ентоан Џејмисон со 35 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка на 22 секунди до крајот на екстра времето.Њу Орлеанс победи во Орландо со 99:93, Грин уфрли 24 поени, Вест имаше двоен ефект од 17 поени и исто толку скокови. Двајт Хауард во домашниот тим забележа 20 поени и 17 скокови. Коби Брајант секогаш игра добро кога Лејкерси гостуваат во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Брајант на Никси им испорача 33 поени, имаше и 10 скока, а Лејкерси победија со 113:96. Најдобриот тим во лигата, Сан Антонио неочекувано потклекна во Филаделфија. Спарси загубија со 71:76, во натпревар во кој домашниот играч Дру Холидеј постигна 27 поени. Осмата победа во низа ја забележаа кошаркарите на Мајами. Екипата од Флорида предводена од Двејн Вејд (24 поени) и Леброн Џејмс (16 поени и 10 асистенции) победи во Детроит со 106:92.Њу Џерси Нетс победија во Шарлот 94:89, Брук Лопез со 31 поен и 11 скокови беше најефикасен во победата. Стив Неш забележа 18 поени и 10 асистенции, а Феникс во Солт Лејк Сити ја совлада Јута со 95:83. На клупата на Јута на овој меч дебитираше новиот тренер Тајрон Корбин, тој е наследник на легендарниот Џери Слоун кој по 23 години замина од тренерската позиција. Индијана се радуваше во Минеаполис против Минесота. Во победата од 116:105 најпрецизен беше Данте Џонс со 19 поени, сите ги постигна во последната четвртина. Портланд во Торонто стигна до 37 победа во сезоната, Ламаркус Олдриџ со 14 поени постигнати во последниот период ги предводеше Блејзерси до триумфот од 102:96. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.