Свет
Сирија ќе разгледа укинување на вонредната состојба

Сирија ќе ја разгледа можноста за прекин на вонредната состојба од 1963 година и легализацијата на политичките партии, соопшти советник на претседателот по еднонеделните крвави протести во јужниот дел на земјата
„Среќна сум да ги соопштам пред вас одлуките донесени денеска од партијата БААТ под водство на претседателот Башар ал-Асад .кои вклучуваат и разгледување на можноста за укинување на законот за вонредната состојба и легализација на политичките партии”, објави медиумскиот советник на претседателот Бутаина Шаабан. Соопштението следува по протестите во јужниот град Дaра против режимот на Асад, чија партија БААС управува со Сирија 40 години.Во двонеделните протести во Дара до средата бројот жртви се зголеми на 14. Дара е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.Демонстрациите во Сирија траат веќе две седмици, при што демонстрантите повикуваат на прекинување на корупцијата и на вонредната состојба која трае веќе 48 години. Сирија се наоѓа во постојана вонредна состојба откако во 1963 г. на власт дојде партијата Бат и донесе забрана за постоење на опозиција.Во неделата толпата во Дара запали зграда на суд и седиштето на владејачката партија. Протестите стануваат се’ поголема закана за претседателот Башир Асад, кој на функцијата го наследи својот татко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последниве децении, масовна парична помош и ослободување на речиси 14.000 затвореници.
Десетици илјади луѓе ги исполнија улиците на главниот град Ханој, повеќето облечени во црвени маички и мавтајќи со виетнамски знамиња, во моќен приказ на национализмот во комунистичката земја.
На парадата беше претставена најнапредната воена опрема на Виетнам, вклучувајќи широк спектар на тенкови, ракети, хеликоптери и борбени авиони. Илјадници виетнамски војници и воен персонал од Кина, Русија и други земји учествуваа во прославите.
„Ние сме непоколебливи во нашата посветеност на одбраната на независноста, слободата, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина, до секој свет сантиметар земја“, рече лидерот на Виетнамската комунистичка партија, То Лам, отворајќи ја парадата.
„Оваа решителност се заснова на обединетата сила на нашата нација: политичка, економска, културна, научна, технолошка, воена, дипломатска и, пред сè, волјата на нашиот народ“, додаде тој.
фото: принтскрин
Регион
Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС) во времето кога авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, требаше да слета во градот Пловдив, Бугарија.
„Вашите информации се лажни“, изјави Песков за „Фајненшл тајмс“, кој прв ја објави веста.
Претходно денес, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ напиша дека наводното руско мешање довело до прекини во ГПС навигацијата на авионот за време на приближувањето кон аеродромот.
Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, изјави дека инцидентот со летот на претседателката Урсула фон дер Лајен за Бугарија ја истакнал важноста на нејзината мисија во земјите-членки на првата линија.
Таа потврди дека, според информациите добиени од бугарската влада, наводниот руски напад врз Фон дер Лајен за време на нејзиниот лет во неделата ги оневозможил ГПС навигациските услуги на аеродромот Пловдив, принудувајќи го авионот да слета.
Регион
(Видео) Костадинов од Бугарија нападнал автомобил мислејќи дека во него е Урсула фон дер Лајен

Во неделата, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, престојуваше во посета на фабриката за оружје во бугарскиот град Сопот, лидерот на националистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, бил снимен како блокира влез на автомобилот за кој демонстрантите верувале дека се наоѓа таа внатре.
Според извештаите, Костадинов, кој претходно повикувал Бугарија да излезе од НАТО, организирал демонстрации со друга националистичка партија пред фабриката „Вазов“, противејќи се на европскиот пат на Бугарија и барајќи заштита на националниот суверенитет.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите со бугарски и руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа почнува да се движи, но е неколку пати удрен со транспарент. Костадинов се расправа со полицијата, додека демонстрантите продолжуваат да го блокираат возилото со повици „нацисти“ и свирежи.
Не е јасно дали претседателката била во автомобилот за време на инцидентот. Костадинов подоцна тврдел дека фон дер Лајен во фабриката во Сопот пристигнала со хеликоптер, а не со автомобил.
Партијата „Преродба“ редовно организира протести против ЕУ и бара Бугарија да излезе од Унијата, а нејзините приврзаници претходно ја вандализирале и делегацијата на ЕУ во Софија, фрлајќи црвена боја и обидувајќи се да запалат врати, пренесе „Б92“.
Претходно беше објавено и дека авионот во кој претседателката на Европската комисија леташе за Бугарија остана без ГСП-навигација и мораше да слета со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување.