Контакт

Региони

Пуштена во употреба спортска сала во средното училиште „Гоце Стојчевски“ во Тетово

Објавено пред

Пуштена во употреба спортската сала во средното училиште „Гоце Стојчевски“ во Тетово, а на свеченото отворање присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука, Панче Кралев, заменик-министерот Сафет Незири и градоначалникот на Тетово, Сали Беџети.

dobivaj vesti na viber

Оваа сала со вкупна површина од 650 квадратни метри, од почетокот на новата учебна година ќе може да ја користат вкупно 1.002. За изградба на спортската сала потрошени се околу 24 милиони денари од Буџетот на Република Македонија.

„Со изградбата на оваа сала на учениците и наставниците им се овозможува адекватен простор за изведба на наставата по спорт и спортски активности, но исто така, истата ќе им биде достапна и на граѓаните на Тетово за спортување, изведба на разни културни манифестации и натпревари“, рече во своето обраќање министерот за образование и наука, Панче Кралев:

Во досегашната реализација на проектот на Владата на Република Македонија – „Изградба на 145 училишни спортски сали“, започнати се вкупно 54 спортски сали, од кои 21 се завршени а другите се во фаза на изградба.

Од вкупниот број завршени сали предвидени со проектот, во општина Тетово две се веќе пуштени во употреба, и тоа во средното училиште „Никола Штејн“, како и во средното училиште „Кирил Пејчинович“. Салите се изградени на површина од по 1.300 квадратни метри и вредноста за нивна изградба изнесуваше околу 40 милиони денари за секоја сала поединечно. Со овој проект, предвидена е изградба на уште десет спортски сали во општина Тетово.

„Верувам дека новоизградената и целосно опремена спортска сала, ќе ги поттикне учениците и наставниците во средното училиште „Гоце Стојчевски“, како и жителите на Тетово да вежбаат, спортуваат, постигнуваат спортски успеси, но и да развиваат пријателства и натпреварувачки дух“, истакна Министерот Кралев.

Министерството за образование и наука ќе продолжи и понатаму да инвестира во овој вид на проекти. Предвидено е до 2014 година да се завршат вкупно 30 спортски сали во средните и 70 во основните училишта. Натаму, во 2014 година ќе се започнат уште 45 спортски сали. Исто така, ќе се инвестира во подобрување на условите во училиштата, односно предвидени се проекти со кои до 2014 година ќе бидат изведени 199 реконструкции на 132 средни и основни училишта во Република Македонија, со што ќе се подобрат условите за изведување на наставата./крај/со/мф

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Талески за Алиу: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер...

Економија2 часа

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 часа

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија2 часа

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија2 часа

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија2 часа

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...

Македонија5 часа

„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја...

Македонија6 часа

„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема...

Македонија6 часа

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија6 часа

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет7 часа

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет8 часа

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа8 часа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Свет10 часа

(Видео) Немири во Лос Анџелес, судири меѓу полицијата и демонстрантите, запалени автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите по...

Македонија17 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија24 часа

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција,...

Македонија1 ден

(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани...