Скопје
Манчевски: Трајановски ги задолжи скопјани со нов кредит за „Водовод“
Градоначалникот Коце Трајановски продолжува да се луксузира и да ги троши парите на граѓаните. Скопјани во наредните 12 години ќе треба да враќаат нов кредит во висина од седим милиони и триста илјади евра со висока каматна стапка од осум проценти, средства кои Трајановски ги наменил за изградба на луксузна административна зграда на „Водовод“, истакна на прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател и советник во Советот на Град Скопје.
Дамјановски, советник од опозициската СДСМ, потсетува дека кога започнувала изградбата на овој објект градоначалникот КоцеТрајановски тврдел дека објектот ќе биде финансиран од сопствени средства, а сега, како што истакнува, ги задолжува граѓаните на Скопје со кредит кој ќе треба да го враќаат 12 години.
„Имајќи предвид дека проектираната зграда на Водовод има околу 5.000 м2 површина, цената на чинење на 1 метар квадратен во оваа луксузна зграда надминува неверојатни 2.000 евра! Опозиција постојано укажува дека ова е нелогичен и прескап проект. По којзнае кој пат повторуваме дека најсоодветно е недоизградениот објект на Водовод, во сегашната состојба, да се продаде. Парите од продажбата би се искористиле за поскромен, енергетски ефикасен, нормален објект кој би ги задоволил потребите на вработените во Водовод“, вели Манчевски.
Од СДСМ прашуваат зошто Трајановски инсистира на градење на луксузен објект за Водовод што ќе чини повеќе од 2.000 евра за метар квадратен, кој профитира од оваа зделка, која е логиката да се гради луксузна зграда наместо парите да се наменат за изградба на водоводна мрежа и замена на постоечките азбестни цевки? /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




