Свет
Најсилна ерупција на вулканот Синабунг
Вулканот Синабунг кој се наоѓа на северот на индонезискиот остров Суматра, во понеделник на вторник навечер имаше најсилна ерупција, откако оживеа минатата недела по четиривековен сон
Разбудениот вулкан исфрлал црн пепел на височина од пет илајди метри, а експлозијата со која почнала ерупцијата од утрово можела да се слушне и на осум километри оддалеченост, јавува Аssociated Press.Жителите на околните села велат дека ситуацијата со вулканот Синабунг се влошува.Досега се евакуирани 21 илјади лицa, а две лица починаа од инфаркт, поради компликации со респираторниот систем . Нивното дишење било отежнато поради облакот што се создал по утринската ерупција.Индонезиската влада ги смести евакуираните лица во привремени засолништа, во џамии, цркви и шатори. Поделени се над 17 илјади заштитни маски, а во текот на денот ќе трае поделбата на лекови.Лавата од вулканот Синабунg кој се наоѓа на истоимената планина во северниот дел на островот во близина на градот Медан, почнал да избива околу полноќ по локално време во неделата. Над вулканот кој не бил активен 400 години се издига столб од чад висок 1,5 километри, а спасувачки служби уште во неделата ја започнаа евакуацијата на жителите на околните села. Индонезиското министерство за здравство постави медицински пунктови за итна помош во близина на вулканот а на локалното население им се поделени заштитни маски, лекарства и упатства за постапување во вонредни ситуации.Вулканолозите прогласија „црвена“ највисок степен на трегова од вулканска активност, и покрај фактот дека во послдените 12 часа активноста на вулканот е за малку намалена. Сепак,како што изјавил вулканологот Агус Будианто во 6.30 наутро по локално време вулканот почнал да еруптира повторно, а се згоелмил и столбот од чад и вулканска пепел .Индонезија е дел од ткн „Пацифички огнен прстен“ кој се наоѓа на судирот на големите и моќни тектонски плочи од дното на Индискиот Океан, кој е притиснат ода ткн. Азиската тектонска плоча. Акумулираната подземна тензија се ослободува пота како силни земјотреси или како можна вулканска активност.На 26-ти август 1883 г. е забележана ерупцијата на познатиот вулкан Кракатау, кој се наоѓа во Зондскиот теснец меѓу Јава и Суматра. Тогаш почнала првта ерупција која траела до утрото на 27-ми август. Од потресите на околните острови иле уништени многу домови. На 27-ми август, околу 10 часот утрото се случила огромна експлозија, а еден час подоцна и втората вулканска експлозија со иста голема сила. Се проценува дека повеќе од 18 кубни километри камени фрагменти и пепел биел исфрлени во атмосферата.Цунами брановите предизвикани од експлозиите, ги опустошиле градовите, селата и шумите на бреговите на Јава и Суматра. Многу острови исчезнал под водата заедно со населението. Цунамито од оваа легендарна ерупција на Кракатау било толку моќно што било почуствувано на цеата планета. Тогаш на Јава и на Суматра исчезнале вкупно 295 градови и села, при што загинале повеќе од 36 илјади луѓе, а стотици илјадници луѓе останале без домови. Катаклизмата го изменила брегот на Суматра и Јава до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Калас: Русија не ја добива војната
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека одржувањето избори во Украина додека трае војната со Русија „дефинитивно не би било добро решение“, нагласувајќи дека воените услови ги отежнуваат демократските процеси исклучително.
Русија не ја добива војната
Зборувајќи пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, Калас се осврна на медиумските извештаи што сугерираат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да објави подготовки за можни пролетни претседателски избори и референдум за мир.
„Повеќето европски земји имаат одредба во својот устав дека изборите не се одржуваат за време на војна“, рече Калас.
„А зошто? Затоа што ако имате избори, секогаш има борби внатре меѓу различни фракции, а кога имате надворешни напади, буквално, тогаш едноставно не можете да одржите избори затоа што вашиот противник е надвор и мора да ги концентрирате сите ваши напори на соочување со него.“
Таа ги отфрли наративите што сугерираат дека Русија презема предност во војната, велејќи дека Москва се соочува со растечки предизвици. „Важно е да се знае дека Русија не ја добива оваа војна. Стапката на жртви расте. Нивната економија не оди добро“, рече таа, додавајќи дека министрите за одбрана на ЕУ разговараат за понатамошни начини за поддршка на Украина.
„Да не го одвлекуваме вниманието од Украина“
Калас рече дека состанокот ќе се фокусира и на придонесите на ЕУ кон идните безбедносни гаранции на Украина, вклучително и плановите за обука на украински војници на украинска територија. „Идентификувавме два центри за обука што би можеле да се користат за оваа цел“, рече таа.
Таа, исто така, се осврна на новодоговорената мисија на НАТО „Арктичка стража“, велејќи дека ЕУ развива ревидирана арктичка стратегија која, за разлика од претходните, ќе се справи со безбедносните прашања заедно со климатските и еколошките проблеми.
Но, таа предупреди дека вниманието не треба да се одвлекува од Украина. „Исто така е важно ние, се разбира, да останеме будни, но да не го одвлекуваме вниманието од местото каде што се сегашните закани, што е, се разбира, Украина“, рече таа.
Калас нагласи тесна координација меѓу ЕУ и НАТО за да се избегне дуплирање, истакнувајќи дека додека алијансата поставува цели за капацитети, земјите-членки на ЕУ и одбранбените индустрии мора да се усогласат за да ги исполнат.
Свет
(Видео) Тупаници во турскиот парламент: хаос околу положувањето заклетва на новиот министер за правда
Хаос избувна во турскиот парламент кога членовите на владејачката партија и опозицијата се судрија околу положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, што доведе до туркање и физичка пресметка, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат главниот обвинител на Истанбул, Акин Гурлек, кој беше назначен од претседателот Реџеп Таип Ердоган на оваа важна судска функција, да положи заклетва во парламентот. Додека страстите се разгоруваа, пратениците се туркаа меѓусебно, а некои дури и се удираа меѓусебно.
Регион
Хрватска, заедно со Албанија и Косово, ќе одржи заедничка воена вежба
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји.
Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок со цел понатамошно подобрување на воената соработка.
Според него, фокусот на соработката е на зајакнување на воената координација, поголема интероперабилност и подигнување на оперативната подготвеност на вооружените сили на трите земји. Посебен акцент е ставен на развојот на заеднички вежби и обуки за справување со безбедносните предизвици и хибридните закани.
„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објави Венгу.
Во Скадар се одржа состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовските безбедносни сили, а состанокот предизвика реакција од српското Министерство за одбрана, кое го оцени како закана за мирот во регионот, пренесуваат медиумите во соседството.
Српското Министерство за одбрана објави дека остро го осудува трилатералниот состанок, оценувајќи дека продлабочувањето на воената соработка претставува фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот.
Претходно, на 30 јануари во Загреб се одржа состанок на Хрватска, Албанија и Косово на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.
Сите овие состаноци се одржаа по меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Албанија, Хрватска и Косово го потпишаа на 18 март 2025 година во Тирана.

