Свет
Вашингтон сака продолжување на конструктивниот дијалог со Пекинг
САД во четвртокот изразија подготвеност да ги продолжат конструктивните односи со Кина која доби нов челник, во моментот кога свете светски велесили се натпреваруваат во амбициите во егионот на Азија и Пацификот.
„Мислам дека создадовме механизми коишто ни овозможуваат продуктивни и конструктивни односи и сакаме да соработуваме со новите челници во Пекинг“, изјави советникот во Белата куќа за национална безбедност, Томас Донилон на симпозиум во Вашингтон, пренесува AFP.
Си Џинпинг го замени Ху Џинатао на местото претседател на Комунистичката партија на Кина, и со самото тоа на чело на државата којашто претставува авторитарна сила која е во екот на структурните промени која треба да се реформира и да се опорави од екстремната корупција во државниот врв што се заканува.
„Многу добро соработувавме со претходниот тим челници и очекуваме соработка и со новото кинеско водство. Се определивме за градење партнерска соработка со Кина, нагласи заменикот портпарол на Стејт департментот, Марк Тонер.
САД и Кина имаат многу спорни прашања, во прв ред во сферата на економијата, човековите права и судирот во Сирија но и слични ставови, како што е на пример иранската нуклеарна програма.
Владата на американскиот претседател Барак Обана ги смета Азија и ПАцификот за „центар“ на својата дипломатија, по децениите војни во Ирак и Авганистан, и сака во овој регион да ги засили своите дипломатски и воени сили.
Вашингтон, исто така, сака да го неутрализира влијанието на Пекинг кој има територијални спорови со соседна Јапонија и со земјите од југоисточна Азија поради острови во Кинеското Море, со што се загрозува безбедноста на поморските рути.
Американската дипломатија, притоа, редовно истакнува дека Кина ја смета за „економски ривал, а не стратешки непријател“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

