Свет
Тимошенко предупредува на „машинерија“ која ја прогони опозицијата

Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко, на која во Киев и се суди поради злоупотреба на службената положба, денеска им замери на обвинителите дека се наоѓаат во служба на „репресивната машинерија која ја прогони опозицијата“.
Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко, на која во Киев и се суди поради злоупотреба на службената положба, денеска им замери на обвинителите дека се наоѓаат во служба на „репресивната машинерија која ја прогони опозицијата“.На самиот почеток на расправата, одбраната побара изземање на двајца обвинители, Олександер Микипенко и Лилиа Фролова, пет дена откако Тимошенко беше испратена во притвор, што предизвика бран на незадоволства.„Обвинителите починија злочин, станаа учесници во прогонот на недолжна особа и се дел од репресивната машинерија која ја прогони опозицијата, наместо да ја бараат вистината“, критикуваше Тимошенко.„Тие се доволно безобѕирни да бараат притвор за особа која претседателот (Виктор Јанукович) не ја сака и не сака да ја има за противник“, додаде таа. Судот го отфрли ова барање на одбраната. Стотици приврзаници на Тимошенко, симбол на прозападната револуција во Украина во 2004 година, се собраа и денеска пред зградата на судот, носејќи транспаренти „Долу бандо“ и „Јулија е нашата претседателка“. Тимошенко, чие судење започна на 24.јуни, е обвинета дека во 2009 година ги пречекорила премиерските овластувања, бидејќи без одобрение на владата овозможила склучување на договор за увоз на плин од Русија по цена за која е оценето дека била неповолна за Украина. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Картата на Украина од Белата куќа беше шлаканица за Зеленски

Kартата на Украина што беше прикажана во Овалната соба на Белата куќа за време на посетата на Володимир Зеленски беше, како што рече Марија Захарова, „шлаканица што требаше да го освести“. Таа го изјави ова во радио програмата на Спутник.
„Тоа беше толку силна шлаканица што требаше да ги отрезни сите оние кои неколку години, одвоени од историјата, од географијата, од реалноста, постојано повторуваа приказни за бојното поле, каде што наводно сè ќе се одлучи, без дури ни да разберат за што зборуваат“, рече Захарова.
„Оваа шлаканица веројатно требаше магично да го разбуди Зеленски“, продолжи таа. „Не мислам дека ќе биде лесно за некого да го вразуми, но барем некакво размрдување – да му покаже нему, и на сите што ги штити или што се кријат зад него, колку изгубиле, колку се коцкале“, рече Захарова.
Би-Би-Си забележа дека на мапата прикажана во Овалната соба, околу 20 проценти од териториите се обележани со розова боја. Би-Би-Си го нарече тоа „застрашувачки потсетник за Украинците во просторијата за моменталната состојба по речиси четири години војна“. Тие додадоа дека присуството на мапата е јасен начин Трамп да го зголеми притисокот врз Зеленски да се согласи на размена на територии за мир.
Свет
Трамп: Можеме да обезбедиме воздушна поддршка за Украина

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ја исклучил можноста за испраќање американски трупи на терен во Украина, но дека Соединетите Држави би можеле да обезбедат воздушна поддршка како дел од договорот за завршување на војната во таа земја.
По итниот самит во Белата куќа на кој се зборуваше за безбедносни гаранции за помош во завршувањето на војната, патот кон мирот сè уште е неизвесен додека САД и сојузниците се подготвуваат да разјаснат што би можела да вклучува воената поддршка за Украина.
„Кога станува збор за безбедноста, Европа е подготвена да испрати луѓе на терен. Подготвени сме да им помогнеме со ресурси, особено, веројатно со воздушни средства“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Трамп не даде повеќе детали. Подоцна, во интервју со радио водителот Марк Левин, Трамп својот преговарачки стил во обидот за завршување на војната го опиша како „веројатно повеќе инстинкт отколку процес“.
Свет
Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено сакала да го заштити рускиот народ.
„Сакам уште еднаш да нагласам дека никогаш не рековме дека треба да заземеме некои територии. Ниту Крим, ниту Донбас, ниту Новорусија (така Русите низ историјата нарекувале делови од денешните Одеска, Херсонска, Николаевска, Днипропетровска, Запорожска, Луганска и Доњецка област, а понекогаш и Крим) како територии никогаш не биле наша цел“, изјави Лавров во интервју за руската државна телевизија.
Лавров тврди дека Москва „секогаш сакала да го заштити рускиот народ кој стотици години живеел на овие територии“. Рече дека Украина за време на претседателството на Володимир Зеленски донела закони чија цел била уништување на правата на говорниците на рускиот јазик.
Изјавата доаѓа во време на засилени дипломатски активности. На 15 август се одржаа разговори помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери во Вашингтон на 18 август, Трамп изрази надеж за што побрзо организирање на американско-украинско-руски разговори.
Зеленски потврди дека се подготвуваат состаноци со Путин, по што би можел да следи и трипартитен состанок со Трамп. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува Зеленски и Путин да се сретнат во наредните две недели, а агенцијата „Ројтерс“ јавува дека американската администрација смета дека состанокот би можел да се одржи во Унгарија.