Спорт
Светскиот првак Шпанија ја предводи Д групата во Измир
Светскиот првак Шпанија настапува во Измир и важи не само за фаворит во групата Д во која покрај неа играат и Канада, Нов Зеланд, Литванија, Франција и Либан, туку и за еден од фаворитите за освојување на нова титула
За Шпанија нема да настапи најдобриот играч По Гасол и повредениот Калдерон, но тука е братот на По центарот на Мемфис Гризлис Марк Гасол. Првата петорка ќе биде составена од играчи од шпанското првенство првенствено од Реал и Барселона, бековите Рики Рубио, Хуан Карлос Наваро и Серхи Лул, како и Фелипе Рејес крилен центар. Останатите шестмина се бековите Сан Еметрио, Фернандез и Лопез, крилата Клавер, Мумбру и Гарбахоса и Васкез на центарска позиција.Литванија е предводена од крилниот играч Линас Клеиза кој летово од Денвер премина во Торонто и од Робертас Јавтокас центар на Валенсија. Остатокот од екипата е млад но подготвен за докажување. Канада ќе игра без нивниот најдобар играч Стив Неш но има два НБА играчи, бекот на Никси Енди Раутинс, и центарот на жешките од Мајами Џоел Антони. Франција без Тони Паркер, ќе се потпре на Борис Дијав крило на Шарлот и на крилниот центар на Далас, Јан Махинми, трето име за споменување е центарот на Рома Али Траоре. За Нов Зеланд не играат познати имиња, но во подготвителниот период ја совладаа Русија а успеаја да загубат од Јордан што значи дека играат со осцилации.Сите овие екипи се делумно хендикепирани со отсуство на најдобри играчи, па меѓусебно ќе се борат да ја избегнат претпоследната позиција која заедно со Либан кому му е осигуран фенерот ќе испаднат од натпреварите по првата рунда.Натпреварите ќе се играат во Халкапинар арената во Измир со капацитет од 10.000 гледачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

