Свет
На Медведев никогаш не му се допаѓал СССР
Рускиот претседател Дмитриј Медведев никогаш не го симпатизирал поранешниот Советски Сојуз, за разлика од неговиот претходник Владимир Путин.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев никогаш не го симпатизирал поранешниот Советски Сојуз, за разлика од неговиот претходник Владимир Путин.
Според француските медиуми на Медведев, кој иако пораснал и се образувал во тоа време, сепак не му се допаѓала идеологијата и принципите на тогашното општество.
На емотивен план го врзуваат само спомени, но политички не би сакал никогаш да се врати тоа време./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Се заканувал преку Тикток дека ќе изврши злосторства на божиќен пазар во Германија, веднаш бил уапсен
Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал преку Тикток, дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.
Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а повред 200 лица.
Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.
Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.
Европа
Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.
Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти.
Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.
Регион
Ранетата учителка од Пречко закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“
Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји.
19-годишен млад ментално болен упаднал во основното училиште Пречко и почнал да ги боде учениците. Едно 7-годишно дете почина. Станува збор за ученик од прва одделение во кое упаднал напаѓачот. Според родителите, и тој ученик му се спротивставил на убиецот за да ги заштити своите соученици.
Тешко повредена е и неговата учителка која има 62 години и за која ова беше последна генерација пред пензија. И таа била избодена со нож во обид да спречи напад врз учениците. Ранети се уште три деца. Тешко е повреден и напаѓачот, кој по нападот побегнал во блискиот Здравствен дом и таму се обидел да се самоубие. Полицијата го спречила во тоа.
На социјалните мрежи се објавуваат пораки за поддршка за храбрата учителка која застанала пред напаѓачот со нож во рака. Таа се обидела со своето тело да го спречи и да го држи што подолго, а со тоа им дала можност на децата да избегаат. Децата ги искористија тие неколку моменти и побегнаа како и каде знаеја, некои низ прозорец, некои низ врата, објави Индекс.хр.
Како што објавија некои медиуми, наставничката имала над 30 убоди.
Повредената наставничка е извадена од механичка вентилација и добро закрепнува. Како што објавија хрватските медиуми, од болницата соошштиле дека таа е стабилна, а вчера веќе и била пружена психолошка помош.
Трогнат сум од храброста и смиреноста на ранетиот наставник, кого се надевам дека ќе го посетам кога е можно, но и на другите наставници и вработени во училиштето во овој трагичен настан, се вели во пораката на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, упатена до родителите и вработените на основното училиште каде што се случи трагедијата.