Свет
Уапсен Саиф ал-Ислам Гадафи
Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на соборениот и ликвидран поранешен водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моемер ел-Гадафи, е уапсен на југот од Либија.
Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на соборениот и ликвидран поранешен водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моемер ел-Гадафи, е уапсен на југот од Либија.Ова во сабота го изјави за АFP министерот за правда и човекови права на Националниот преоден совет (NTC), Мохамед ал-Алаги.„Саиф ал-Ислам кој е на потерница на Меѓуанродниот кривичен суд, е уапсен на југ од Либија’, рекол за агенцијата ал-Алаги, несакајќи да каже други детали за апсењето. Ал-Алаги истата информација ја потврдил за итнернет страницата на телевизијата Al Arabiya.Како што пренесува Associated Press, Саиф ал-Ислам и неговите телохранители биле уапсени при обидот да ја минат границата со Нигер. Според информациите со коишто располага Reuters, во моментот на апсењето синот на погубениот Гадафи бил здрав и неповреден. Според претходните сомневања на медиумите, Саиф ал-Ислам, кој исто така е барен по меѓународна потерница од Интерпопл, се наоѓал во Нигер или во Мали, но ниедна од тие држави не ја потврдија таа информација. Саиф ал-Ислам, пред три седмици од непозната локација му порача на Меѓународниот кривичен суд во Хаг дека не е виновен за злосторства против човечноста. Обвинителството на Хашкиот трибунал потврди дека одржува неформален контакт со синот на Гадафи, кој успеа да се извлече од Сирт и да ја избегне судбината на татко му. Се претпоставуваше дека тој преку либискиот дел од пустината Сахара успеал да ја мине границата со Нигер каде што е под заштита на номадскиот сахарски народ Туарезите.Судот во Хаг го обвини Саиф ал-Ислам Гадафи за злосторства против човечноста, за бомбардирање и стрелање врз демонстрантите во февруари годинава.Либискиот Национален преоден совет (NTC) издаде соопштение дека со следење на сателитските телефонски повици и благодарејќи на други разузнавачки информации, е запознаен со тоа дека Саиф ал-Ислам се обидува да организира свое заминување во Хаг, бидејќи во ниедна од земјите во близина на Либија не се чувствува безбеден.Сепак, според претставници на NTC, предавањето на Саиф ал-Ислам не е единствената опција. Се претпоставува, исто така, дека со Саиф е и поранешниот прв човек на либиската разузнавачка служба Абдулах ал-Сенуси, по кого исто така има потерница.Во текот на 42-годишното владеење на Моамер ел-Гадафи, неговото семејство почна и одржуваше многу добри врски со сродните пустински племиња во Нигер, Мали, Чад и другите мали и сиромашни поранешни француски колонии во северна Африка. Исто така, на семејството Гадафи блиски му се делови од населението во Судан и во Зимбабве, коишто режимот на Гадафи богато ги помагаше./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бабиш: Купив прекрасен голем глобус и сега знам зошто Гренланд е толку важен за Трамп
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави по владината седница дека купил глобус за подобро да се запознае со географската положба на Гренланд, остров кој е во центарот на зголемените геополитички тензии во последните недели.
Како што изјави, токму поради положбата на Гренланд, сега ги разбира безбедносните аргументи што ги презентираше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Бабиш рече дека во случај на напад врз САД, руските ракети „Орешник“ ќе прелетаат над Гренланд на пат кон Белата куќа, поради што верува дека прашањето за иднината на островот не може да се игнорира. „Ги разбирам аргументите на претседателот Трамп и верувам дека е потребно да се постигне договор за иднината на Гренланд“, рече чешкиот премиер.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Чешка ќе се придружи на заедничката изјава на европските земји во која се предупредуваше за можни американски царини, Бабиш истакна дека ги гледа САД како клучен лидер во рамките на НАТО алијансата. „Не можам да го кажам тоа. Ние велиме дека во рамките на НАТО, САД се лидер. Овие конфликти се контрапродуктивни и мора да постигнеме договор“, рече тој.
Бабиш објасни дека го купил глобусот за, како што рече, подобро да се справи со сегашната ситуација.
„Прекрасен, голем, за 15.000 круни (околу 620 евра) за да можам точно да видам каде е Гренланд. „Орешник“ би летал од Русија до Белата куќа за 26 минути, а во единаесеттата минута би бил веднаш над Гренланд. Значи, аргументите на претседателот Трамп за Кина и Русија се релевантни. Едноставно мора да се договориме. Сите повици или декларации се бесмислени“, додаде тој.
Геополитичкиот спор околу Гренланд дополнително се засили од почетокот на годината, откако Трамп постојано истакнуваше дека САД, од безбедносни причини, мора да ја преземат контролата врз островот богат со минерали. Американскиот претседател тврди дека руските и кинеските бродови се повеќе се појавуваат во водите околу Гренланд и дека, доколку САД не дејствуваат, островот би можел да падне под влијание на Москва или Пекинг.
Поради ова, Трамп изрази намера САД да го купат Гренланд од Данска, а во саботата најави и зголемување на увозните давачки од 1 февруари за осум земји кои се противат на таа идеја. Меѓу нив се Данска, Шведска, Франција, Германија, Холандија, Финска, Велика Британија и Норвешка.
Свет
Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање моменталниот статус на островот како дел од Данска.
„Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство“, изјави тој за новинарите на годишната прес-конференција во Москва.
Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен.
Лавров нагласи дека Москва нема интерес да се меша во прашања поврзани со Гренланд и дека Вашингтон знае дека Русија нема планови да ја преземе контролата врз островот, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој додаде и дека Москва ја следи „сериозната геополитичка ситуација“ околу Гренланд.
Според него, НАТО треба да донесе одлука за Гренланд во рамките на самата алијанса.
фото/Depositphotos
Свет
Данска: ЕУ треба да ги разгледа сите опции поради царинските закани на Трамп
Европската унија треба да ги разгледа сите достапни опции како одговор на обновената закана за царини од американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници, изјави данската министерка за економија Стефани Лосе.
Лосе разговараше со новинарите пред состанокот на министрите за финансии и економија на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Таа ја нагласи потребата блокот да ги разгледа реакциите на потенцијалните американски мерки што би можеле да влијаат на трговските односи со членките на Унијата, пренесува Танјуг.

