Свет
Убиен припадник на дагестанското МВР
Припадник на Минситерството за внатрешни работи на северно-кавкаската републиак Дагестан е е убиен во сабота навечер, пренесуваат руските агенции повикувајќи се на извори од министерството
Непознати лица стрелале во автомобилот во кој се возел приапдника на Управата за борба против економскиот криминал (УБЕП) при дагестанското Министерство за внатрешни работи. Неговот име не е обајавено, а се дополнува дека бил убиен во главниот град Махачкале.„Неиднетификувани лаца стрелале во џипот со соработникот на УБЕП, полицаецот од здобиените рани починал во болница. Напаѓачите побегнале од местото на ннастанот со возило од домашно производство“, изјавил соговорникот на РИА Новости.Засега нема шпекулации дека ова убиство на припадник на дагестанското МВР е во врска со убиството на исламистички милитант во специјалната операција на руското федералбо безбедносно биро во Махачкале. Акцијата на специјалците во која се блокирани две повеќекатници во дагестанската престолнина според последните информации се уште не е завршена. Во неа се употребени и гранати а со лесни прострелни рани се здобија и два цивила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Свет
Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта
Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни горива, изјавија оваа недела американските министри за енергија и внатрешни работи, обидувајќи се да ја убедат Европа да купува повеќе американска нафта и гас, објави денес Ројтерс.
Соединетите Американски Држави станаа водечки европски снабдувач со нафта и гас, а американските компании се стремат да го зголемат тој удел во време кога Европската Унија сака целосно да го прекине преостанатиот увоз на руски енергетски производи.
Пораката од американските претставници на енергетската конференција во Атина оваа недела го нагласува пресвртот во политиката на САД под администрацијата на Трамп, која ги олесни еколошките прописи и ја истакна „доминацијата“ на нафтата и гасот како централен двигател на американската економија и меѓународното влијание.
„Едноставно не функционира“, рече американскиот министер за енергетика Крис Рајт за префрлањето кон обновлива енергија на конференцијата, каде што американските компании објавија договори за снабдување и дупчење за гас во Европа.
Тој истакна дека светот потрошил помеѓу 4 и 8 билиони долари за поврзување на сончевата и ветерната енергија со мрежата, но дека минатата година таквите извори сè уште сочинувале само 2,6 проценти од глобалната енергија.
Рајт, исто така, рече дека сака САД да ја заменат „секоја молекула“ руски гас што сè уште тече во Западна Европа.
САД произведуваат над 20 милиони барели нафта и течни нафтени деривати дневно, односно секој петти барел во светот.
Изјавите на САД се во остра спротивност со целите на голем број земји од ЕУ, кои оваа недела се согласија да ги намалат емисиите за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, иако ова беше ублажено во споредба со претходните цели.
фото: принтскрин

