Контакт

Македонија

Британецот Хауит е нов известувач за Македонија на ЕП

Објавено пред

Британскиот европратеник Ричард Хауит ќе биде нов известувач во Европскиот парламент за Македонија.

dobivaj vesti na viber

Британскиот европратеник Ричард Хауит ќе биде нов известувач во Европскиот парламент за Македонија.Како што јавува Дојче веле на македонски повикувајќи се на информациите на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Хауит доаѓа од редовите на Прогресивната социјалистичка група во Европскиот парламент како член на британската Лабуристичка партија. Тој е член на Комисијата за надворешни работи, на Поткомисијата за човекови права и на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Турција.Хауит  како известувач за Македонија доаѓа на местото на словенечкиот европратеник Зоран Талер, кој замина од функцијата по скандалот со корупција. Последниот извештај за Македонија пред Европскиот парламент го бранеше бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин./крај.дв/еп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски на одвоени средби со министрите за надворешни на Литванија и Мароко: во фокусот поддршката на патот кон ЕУ и економската соработка

Објавено пред

За време на одржувањето на 79-тото Генералното собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на маргините од ГС, имаше одвоени средби со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита.

dobivaj vesti na viber

На средбата со литванскиот колега беше искажано заемно задоволство од развојот на билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период. Од двете страни беше нагласена подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебното пријателство и партнерските односи, преку продолжување на интензивниот политички дијалог на сите нивоа.

Министерот Муцунски се заблагодари на континуираната и искрена поддршка на Литванија за евроинтегративните напори на Македонија, нагласувајќи дека земјава е целосно подготвена за започнување преговори за членство во ЕУ, при што тој ја поздрави одлуката за отворање на канцеларија на Литванија во Скопје, која е уште една силна потврда за блиските и пријателски билатерални односи и за заложбите за нивно натамошно унапредување.

Министерот Ландсбергис изрази уверување дека Литванија и во наредниот период ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашите евроинтеграции.

На средбата со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита, беше нагласен позитивниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во тој контекст беа разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

Фокусот на двете средби беше ставен и на понатамошното продлабочување на билатерелната соработка, со посебен акцент на зајакнување на економските релации помеѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службена положба

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист, извести Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Нема да се реализираат 100 милиони евра за општините оваа година, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата е на прагот. Имено, најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, ветени од оваа Влада, повеќе од јасно е дека нема да се реализираат оваа година. Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги оствари своите ветувања и повторно ја изневерува довербата на граѓаните, белат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Министерот Перински најави дека средствата нема да бидат доделени директно на посебните сметки на општините, како што тоа го правеше СДСМ. Наместо тоа, парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите, што значи дека оваа година реализацијата на средствата е речиси небвозможна или ќе биде минимална. Ваквиот пристап не само што го забавува процесот, туку и отвора можност за манипулации, централизирајќи ја контролата во рацете на Владата.

За разлика од ова, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин. Средствата беа наменски на сметките на општините, каде што локалните власти имаа директен пристап и можност сами да ги управуваат своите проекти. Ова беше модел кој осигуруваше ефикасна реализација и транспарентност, нешто што е сега оневозможено од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се истакнува во нивната реакција.

Според СДСМ, централизацијата на средствата и контролата од страна на Владата е директен удар врз децентрализацијата и автономијата на општините. Ова, како што велат, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да им верува на општините и на локалните власти, што води до стагнација и нереализирани проекти кои се од суштинско значење за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службена положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена...

Регион45 минути

Хрватската државна секретарка: На Северна Македонија и на Албанија треба да им се дозволи да направат чекор напред на патот кон ЕУ

Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но врз основа на заслуги, што значи...

Свет1 час

(Видео) Пукано во канцеларијата на Камала Харис

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само...

Свет3 часа

Се огласија сирените во Тел Авив, Израел: Го пресретнавме проектилот

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета...

Свет4 часа

Либан разочаран од прошталниот говор на Бајден: „Единствено вие можете да направите разлика“

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изрази разочарување од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за ескалацијата...

Европа4 часа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник...

Свет4 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. „Ќе продолжиме да го...

Македонија13 часа

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија17 часа

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ19 часа

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија19 часа

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија19 часа

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија22 часа

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија22 часа

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија22 часа

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...

Македонија23 часа

(Видео) Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критериуми, констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на клинички центар во Скопје

„Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај...

Топ24 часа

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење...

Регион1 ден

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата

Според Трамп, Зеленски „навистина сака“ демократите да победат на претседателските избори во САД, бидејќи добива финансиска помош од нив. „Верувам...

Свет1 ден

Бајден денеска последен пат зборува во Генералното собрание на ОН како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) како претседател...