Спорт
Игрите на Комонвелтот неизвесни

Спортските игри на Комонвелтот треба да се одржат во Индија од 3-12 октомври. Но како што стојат работите може да се случи тие да бидат откажани поради неподготвеноста на домаќините за големиот спортски настан.
Спортските игри на Комонвелтот треба да се одржат во Индија од 3-12 октомври. Но како што стојат работите може да се случи тие да бидат откажани поради неподготвеноста на домаќините за големиот спортски настан. Дури и Тајмс оф Индија објави дека од 34 резиденцијални сместувачки капацитети само 18 се комплетни. Доцни завршувањето на санитариите, водоводот, електриката, интернет пристапот, покриеноста со телефонија. Претседателот на Федерацијата на игрите на комонвелтот Мајкл Фенел деновиве имаше контакти со владата на Индија заради настанатиот проблем. Роковите се пробиени. Индијците сега за два дена треба да завршат нешто за што е потребно 20 дена. Претседателот на Федерацијата на Нов Зеланд Дејв Кари на една радио станица изјави дека пред да одлучи дали спортистите од Нов Зеланд ќе учествуваат на игрите во Индија, ќе се консултира и со колегите од останатите репрезентации, но како што во моментов се работите сè повеќе изгледа дека домаќинот нема да биде подготвен за оваа манифестација. Не само некомплетноста на објектите туку според некои репрезентации не се задоволени стандардите во сместувачките капацитети, па така четири репрезентации Нов Зеланд, Канада, Шкотска и Ирска добија сместување на нови локации. Конечната одлука за тоа дали некои репрезентации ќе останат или ќе ги напуштат игрите ќе се донесе деновиве. Овие поплаки на делегациите вчера беа во сенка на немилиот настан кога вооружени лица од мопед пукаа во туристи и ранија двајца пред најголемата индиска џамија Џама Махид. Туристите се опоравуваат во болница, а пукачите не се најдени. (Макфакс). крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе истапдна од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.
Спорт
Манчестер сити се засили со лев бек

Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури.
Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско првенство.
Алжирскиот интернационалец пристигна во Вулверхемптон од Анже во 2020 година. Одигра 157 натпревари и постигна 12 гола.
Анже ќе инкасира повеќе од 10 милиони евра од овој трансфер.