Црна хроника
Ограбени куќи во Скопје и Прилеп
Непознати сторители викендов ограбиле две куќи во Прилеп и Скопје.
Кражбата во Прилеп се случила во периодот од 1 до 3 јануари во куќа сопственост на педесет и тригодишен прилепчанец на улицата „Круме Спиркоски“.Сторителот насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 100евра, 1.000 денари, пиштол калибар 7,62мм и разновиден златен накит, односно украл вкупно 60.000 денари.Другата кражба се случила во периодот од 31 декември до 3 јануари, во куќа на улица „Ѓорге Андреевич-Кун“ во скопската населба Аеродром, во сопственост на педесет и петгодишен скопјанец. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пет рачни часовници, два лап топ компјутери, три таблети, два мобилни телефони и еден коверт во кој имало околу 3 000евра, а потоа го напуштил местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари. Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

