Свет
САД ќе соработуваат со идниот руски претседател

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека се подготвени за соработка со наредниот претседател на Русија, без разлика кој политичар ќе дојде на таа функција.
Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека се подготвени за соработка со наредниот претседател на Русија, без разлика кој политичар ќе дојде на таа функција.Соопштението на Стејт департментот уследи, откако рускиот премиер Владимир Путин објави дека планира да се врати на местото шеф на државата.„Очекуваме соработка со наредниот претседател на Русија, кој и да биде, бидејќи искрено веруваме дека тоа е од меѓусебен интерес на двете држави, но и на целиот свет“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.Тој нагласи дека САД не сметаат дека враќањето на Путин на претседателската функција би можело да ја загрози идната соработката на двете држави. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор се загрозени од развојот на вештачката интелигенција, според најновите студии

Повеќе од една третина од работните места во јавниот сектор низ целиот свет би можеле да бидат загрозени поради развојот на вештачката интелигенција, според студија објавена денес од консултантската компанија „Роланд Бергер“. Анализата, спроведена врз основа на класификацијата на Меѓународната организација на трудот и 450 различни занимања во јавниот сектор, вклучувала вкупно 351 милион работни места.
Резултатите покажуваат дека 36 проценти од вработените ширум светот би можеле да доживеат длабоки промени поради примената на технологиите за вештачка интелигенција, што ќе влијае на 125 милиони работни места со полно работно време.
Во документот се наведува дека 22 проценти од работните места би можеле да се надградат, што значи дека вештачката интелигенција би преземала одредени задачи, додека вработените би добиле нови функции, пренесува Танјуг.
Ова особено се однесува на администрацијата, јавните финансии и образованието.
Се додава дека, на пример, царинските или даночните службеници би можеле да ја подобрат својата работа со помош на вештачката интелигенција, како и вработените во здравствениот сектор.
Спротивно на тоа, приближно 7,5 проценти од работните места во јавниот сектор би можеле да бидат целосно автоматизирани, а најранливи се вработените во администрацијата или вработените во кол-центрите, каде што задачите се поедноставни и полесни за замена со вештачка интелигенција, објавува францускиот Bfmtv.
„Потребна е сериозна работа на професионална преквалификација со цел да се пренасочат работниците кон работни места што бараат поголема интеракција со луѓето“, изјави авторот на студијата, Ален Шено.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп вели дека Путин го изневерил: сојузниците мора да престанат да купуваат нафта од Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин „навистина го изневери“, но инсистираше дека сојузниците мора да престанат да купуваат нафта од Русија ако сакаат САД дополнително да интервенираат и да вршат притисок врз Кремљ да ја прекине војната во Украина.
„Едноставно кажано, ако цената на нафтата падне, Путин ќе се повлече“, рече Трамп по средбата со британскиот премиер Кир Стармер. „Тој нема да има избор. Ќе се откаже од таа војна“.
Иако Трамп рече дека е подготвен да разгледа други мерки за казнување на Путин, тој нагласи дека таквите потези ќе зависат од тоа дали сојузниците ќе престанат да купуваат руска енергија.
„Подготвен сум да правам други работи, но не кога луѓето за кои се борам, купуваат нафта од Русија“, рече Трамп.
Европската унија разгледува начини за побрзо прекинување на увозот на руски течен природен гас. Исто така, планирана е потенцијална средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк следната недела.
Стармер, исто така, посочи дека некои европски земји не направиле доволно за да се ослободат од зависноста од руските извори на енергија.
„Мислам дека тоа е предизвик за Европа“, рече тој. „Постојат голем број европски земји кои се премногу зависни од енергијата од Русија“.
Трамп подоцна им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека Велика Британија на Стармер „не е виновна“ кога станува збор за купување нафта, додавајќи дека британскиот лидер се согласил дека сојузниците мора „да престанат да купуваат нафта од Русија“.
Стармер истакна дека „тоа не е добро“, како што изјави Трамп, додавајќи: „Го ценам тоа што ми го кажа тоа“.
Трамп инсистираше дека е посветен на прекинување на конфликтот и постојано изразуваше фрустрација кон Путин, иако тврдеше дека конфликтот веројатно нема директно да ги погоди САД.
„Тој ме изневери. Мислам, тој убива многу луѓе и губи повеќе луѓе отколку, знаете, отколку што убива.“
Стармер рече дека нивните дискусии вклучувале и разгледување на тоа „како можат да ја изградат својата одбрана за понатамошна поддршка на Украина и решително да го зголемат притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае.“
Вистинското лице на Путин
„Во последните денови, Путин го покажа своето вистинско лице, започнувајќи го најголемиот напад од почетокот на инвазијата, со повеќе крвопролевање, повеќе убиени невини и невидено кршење на воздушниот простор на НАТО“, рече Стармер. „Ова не се постапки на некој што сака мир.“
Британскиот премиер рече дека е важно Трамп да интервенира затоа што само под негов притисок Путин „навистина покажа каква било подготвеност да попушти“.
Фото: принтскрин
Свет
Британка тврди дека ја силувал полицаец пред колегите во Франција, ја затекнале пијана на улица

Жена од Велика Британија пријавила дека ја силувал полицаец во Обањ, близу Марсеј. Таа раскажала дека тројца полицајци ја запреле додека пијана талкала низ улица, по што еден од нив ја нападнал на задното седиште од возилото пред барем еден колега.
Следниот ден поднела пријава, а обвинителството отвори истрага. Тројцата полицајци се уапсени: еден е обвинет за силување и останува во притвор, вториот за пропуст да спречи кривично дело е под судски надзор, а третиот има статус на сведок под надзор, пренесе „Дејли мејл“.
Случајот следи неколку месеци по друг напад – кога британска туристка во Париз тврдела дека таксист повеќепати ја силувал во автомобил, откако ја однел во Булоњската шума наместо до нејзиниот апартман. Жената успеала да побегне и со помош на минувач стигнала до полиција, по што добила лекарска помош и била хоспитализирана.