Спорт
Џо Кол го напушта Челзи

Играчот за врска на лондонскиот премеирлигаш Челзи се подготвува за напуштање на клубот откако пропаднаа преговорите околу потпишувањето на нов догвор
Дваесет иосум годишнито Џо Кол бараше од клубот на рускиот милијардер Роман Абрамович зголемување на плата за 50 отсто. Тој досега имаше неделна плата од 89 илјади евра, а неговите менаџери понудија нов договор со Челзи според кој Кол би земал 135 илјади евра неделно. Раководството на клубот не е расположено да издвојува толку пари за еден од неговите најдобри фудбалери, пишуваат британските медиуми. Според неименуван извор од Челзи, немало никакви изгледи раководството да го прифати барањето на Кол.„Доколку не го намали износот, ќе мора да го напушти клубот“, нагласил изворот. Кол минатата сезона девет месеци беше надвор од фудбалските терени заради тешката повреда на коленото, а оваа има само 18 настапи, па менаџерот Карло Анчелоти нема преголема доверба во него. Тој неодамна порача дека Кол ќе мора да игра мнигу подобро доколку сака да избори место во тимот.Џо Кол е играч на Челзи од 2003 г. кога премина од Вест хем јунајтед за девет милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ доби вистинска замена, Валанчиунас во Денвер

Foto/ Foto/ EPA-EFE
Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Јонас Валанчиунас се сели во редвоите на Денвер Нагетс, додека Дарио Шариќ ќе оди во спротивна насока.
Никола Јокиќ доби фантастично засилување во рекетот во форма на 33-годишениот центар кој минатата сезона играше за Сакраменто Кингс.
Денвер Нагетс направија голема зделка веднаш по почетокот на „летниот пазар“ и го испратија Мајкл Портер јуниор во Бруклин Нетс, во замена за Кем Џонсон.
Нагетс заштедија околу 40 милиони долари (земајќи го предвид данокот на луксуз и казните што би ги платиле за надминување на буџетот на играчите) со оваа размена. Исто така во Денвер се врати играчот од шампионската генерација, Брус Браун, кој вториот дел од сезоната го мина во Њу Орлеанс Пеликанс.
Третиот потег што го повлекоа Нагетс е ангажманот на Валанчиунас, што значи дека Јокиќ конечно доби вистинска замена.
Минатата сезона, Валанчиунас играше прво во Вашингтон, каде што имаше просек од 11,5 поени и осум скока, а потоа во Сакраменто Кингс, каде што имаше просек од 8,7 поени и седум скока по натпревар.
Спорт
Милвоки го отпуштија Лилард за да го потпишат Мајлс Тарнер

Foto/ EPA-EFE
Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс.
Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. .
Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар.
„Елените“ ќе ги распределат тие пари во следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.
Значи, „Дам Тајм“ ќе заработува над 22.000.000 годишно во следните пет години, дури и ако одлучи да се пензионира утре.
Сепак оваа опција не е реална, сигурно е дека за него ќе има голем интерес.
Спорт
Шеј го доби најголемиот договор во историјата

Foto/ EPA-EFE
Шеј Гилџес-Александер потпиша нов договор со Оклахома сити Тандер, доби неверојатна сума на пари.
Шеј Гилџис-Александер стана првиот играч во историјата на лигата кој бил трикратен MВП. Беше прогласен за МВП на регуларната сезона, плејофот и Западната конференција.
Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс во финалето и станаа шампиони на НБА.
Две недели по освоената титула за Канаѓанецот пристигна награда, доби нов договор и тоа не било каков договор, туку најголемиот во историјата на кошарката.
Според Шамс Чаранија, Шеј потпишал четиригодишен договор вреден дури 285 милиони долари!
Овој супер-максимален договор е најголемиот во историјата на кошарката и важи до јуни 2031 година.
Секогаш добро информираниот Боби Маркс се надоврза на ова и сподели информација што делува неверојатно.
Кога ќе се земе предвид актуелниот договор на Шеј Гилџес-Александер, тој ќе инкасира дури 364 милиони долари во следните шест години.
Шеј е 15-от играч во историјата на НБА што потпишал супер-максимален договор.