Македонија
Одѕив 35,08 %
Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот е 35,08 отсто.
Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот е 35,8 отсто.
Ова се податоци од 2.567 избирачки места, односно 93,82 отсто од вкупниот број избирачки места во Република Македонија.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко изјави дека до 14 часот во Македонија гласале од 612.000 избирачи кои имаат право на глас.
Одѕивот на овие избори, споредено со парламентарните избори во 2006 и 2008 година е поголем.
Како што соопшти Државната изборна комисија, излезноста на избирачите до 10 часот денеска изнесува 14%, што е за 1,6% повеќе во однос на излезноста на парламентарните избори пред три години кога до 10 часот на гласање излегле 12,40% од избирачите.
На парламентарните избори 2006 година, според ДИК, до 13 часот одѕивот бил 26,6%, додека на изборите во 2008 година, во истиот период (до 13 часот), своето право на глас го искористиле 28,18% од избирачите.
Во 2008 година имало поголем одѕив и во периодот до 17 часот, кога гласале 45,90%, за разлика од парламентарните избори 2006 година кога до 17 часот на гласање излегле 42,61% од избирачите.
Вкупно 55,98% од граѓаните го искористиле избирачкото право на парламентарните избори во 2006 година, додека вкупниот одѕив во 2008 година е 57,99%.
ДИК соопшти дека гласањето се одвива мирно и дека сите избирачки места се отворени во 7 часот утрово.
Гласањето трае до 19 часот вечерва, а првичните резултати ДИК треба да ги објави 12 часа по завршување на гласањето.
Ова се седми по ред парламентарни избори во независна Македонија на кои граѓаните избираат нов собраниски состав.
За првпат на овие избори гласа и дијаспората, па Собранието наместо сегашните 120 ќе има 123 пратеници./крај/макфакс/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари
Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“.

„Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги“, соопштија од Царина.
Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот
СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вистакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува.
Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина. Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.
Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“.
Петрушевски прашува дали толку многу знае Груби, што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат. Дали, како што рче, паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви. „Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?
За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата“.
Македонија
Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ, велат од оваа партија
Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели, велат од СДСМ.
„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.
Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.
А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.
Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.
Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација“.
Од СДСМ прашуваат дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба.
„Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?
Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.
По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.
Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“.

