Свет
Палестинската Ал Каеда одговорна за нападите врз Коптите

Египетскиот министер за внатрешни работи Хабиб ал-Адли во неделата изјави дека неговата влада има докази дека зад нападите врз коптската православна црква во Александрија стои палестинска група поврзана со Ал Каеда„Имам цврсти докази за нивната вмешаност во планирањето и реализацијата на тој терористички акт“, изјавил министерот Хабиб ал-Адил за државната египетска телевизија, додавајќи дека станува збор за групација којашто дејствува под името „Палестинска војска на исламот“. На 11-ти јануари, беше убиено едно, а пет лица припадници на египетската коптска заедница беа ранети во воз крај градот Самалут, во провинцијата ал-Минја. Во истрагата се покажа дека напаѓачот е египетски полицаец.Египетските христијани се во фокусот на светските медиуми, откако одекна експлозија на новогодишната ноќ во близина на црква на христијанските Копти во вториот по големина град на Египет, Александрија, при што загинаа вкупно 23 лица, а околу стотина се повредени. По експлозијата египетските власти преземаа низа мерки за да го сочуваат единството меѓу христијаните и муслиманите во земјата. Голем број познати јавни личности, новинари и политичари кои го исповедаат исламот, заедно со христијаните учествуваа на прославата на Божик кој во египетските коптски цркви беше прославен на 7 јануари. Египетските државници повторуваат дека експлозијата во црквата не е насочена против христијаните, туку против целото египетско општество и државата. Египетските Копти се најзначајната христијанска заедница на Блискиот исток. Според различни проценки, тие претставуваат околу 10 отсто од 80-милионското население на Египет. Неколку европски земји повикаа на заштита на христијаните на Блискиот исток, но Каиро го отфрли повикот, третирајќи го како мешање во внатрешните работи на државата. /крај/ро/макфакс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија го повлекува персоналот од амбасадата од Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од својата амбасада во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија.
„Како превентивна мерка, привремено го повлековме британскиот персонал од Иран“, се вели во соопштението.
„Нашата амбасада продолжува да работи од далечина“, се додава во соопштението.
Порано оваа недела, Велика Британија, исто така, објави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените од својата амбасада и конзулат во Израел поради безбедносни причини.
Свет
Илјадници Иранци на улиците, имам ја водеше молитвата со пушка во рака

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Техеран и други ирански градови, одговарајќи на повикот на режимот да се соберат во голем број за традиционалните петочни молитви и протести против Израел.
Демонстрантите мавтаа со знамиња и скандираа антизападни слогани, а многумина носеа фотографии од ирански команданти убиени од почетокот на конфликтот со Израел.
Молитвата во Техеран беше проследена со големи протести во центарот на градот, а државната телевизија прикажа слики од толпата како гази по израелските и американските знамиња. Знамињата на Хезболах, сојузникот на Иран од Либан, исто така се вееја на улиците.
Според снимките од полуофицијалната агенција Тасним, толпата скандираше против Израел и Обединетото Кралство.
Скај њуз, исто така, ја цитира изјавата на жена од Карај, град западно од Техеран, која им рекла на жителите на Тел Авив да „ги подготват ковчезите“.
Слични собири беа одржани и во други градови, вклучувајќи го и Ахваз, каде што имам ги водеше молитвите во воена униформа со пушка во рака.
Свет
ОН алармира: Децата во Газа ќе почнат да умираат од жед

УНИЦЕФ предупреди во Женева дека Појасот Газа се соочува со недостиг на вода.
„Децата ќе почнат да умираат од жед… Само 40 проценти од инфраструктурата за вода за пиење е функционална“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите.
„Ние сме далеку под кризните стандарди кога станува збор за вода за пиење…“
УНИЦЕФ, исто така, изјави дека бројот на деца на возраст од шест месеци до пет години примени на лекување од неухранетост во Појасот Газа се зголемил за 50 проценти од април до мај и дека половина милион луѓе гладуваат.
УНИЦЕФ го обвини Хуманитарниот фонд за Газа, поддржан од САД, за влошување на ситуацијата со дистрибуцијата на храна.