Спорт
Продолжува неизвесноста во Италија и Шпанија
По двата вечерашни натпревари и победите на Милан во последниот меч од 28-то коло во италијанската Серија А и на Реал Мадрид во шпанската Примера, двете првенства влегуваат во неизвесни завршници
Милан, поправо, со многу тешката победа извојувана во на домашен терен против Киево се приближи само на еден под до водечкиот во Серија А, градскиот ривал Интер. Во меч полн со грешки и пропуштени шанси, победата на „миланезите“ има ја донесе денешната резерва Кларенс Сидорф со погодокот во втората минута од судското надополнување. Во шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид убедливо со 4:1 на гостински терен го совлада Вајадолид. Мадриѓаните на овој натпревар беа подобри во најважниот фудбалски параметар, во реализацијата, но инаку домаќинот во сите други елементи од играта беше рамноправен. Резултат го отвори Кристијано Роналдо со погодок во 28. минута, а Албиол си постигна автогол во 58. минута, додека јунак на средбата беше Гонзало Игуаин со хет-трикот постигнат со гловите во 45. 52 65 минута. Сега Реал е повторно бодовно изедначен на врвот со Барселона но има подобра гол разлика, па така најверојатно годинашниов шпански фудбалски шампион ќе се знае по исходот на „Ел класико“ во Мадрид кое е закажано за 10-ти април. Во годината на одржување на фудбалскиот мундијал во Јужноафриканската Република, најсилните европски лиги влегуваат во неизвесни завршници. Покрај, на Апенините и Пиринеите, изденачено на врвот е и во англиската Пемиер лигата каде предноста на Манчестер јунајтед, вториот Челзи и третиот Арсенал може да ја надминат во само еден меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот
Карло Анчелоти сè уште не оставрил некаков успех со бразилската фудбалска репрезентација, но тоа не им пречи на челниците на Бразилската федерација да му понудат нов договор.
Италијанецот добил понуда да потпише договор со 2023 година. Доколку ја прифати понудата и го одработи договорот до крај, Анчелоти би имал 71 година.
Шпанскиот „Диарио“ исто така објавува дека во случај на прифаќање, тој би станал најплатениот тренер во светот, бидејќи би имал дури и повеќе од сегашните 10.000.000 евра годишно. Овој извор не ја неведува точната сума, која му била понудена на Анчелоти.
Работодавчите се воодушевени од филозофијата, методите и резултатите од работата на еден од најтрофејните фудбалски тренери во светот.
Анчелоти ќе го предводи Бразил наредното лето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Целта е јасна, титулата на Мундијалот. Бразил последен пат бил светски првак во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Понуда од 1.000.000.000 во кеш за купување на Јувентус
Компанијата за криптовалути „Тетер“, објави дека доставила обврзувачка понуда во готово, за купување на мнозински удел во фудбалскиот клуб Јувентус, кој е во сопственост на „Ексор Холдинг“, контролиран од семејството Ањели.
Според италијанските медиуми, Тетер понудил цена од 2,66 евра по акција, што е вкупно околу 1.100.000.000 евра за 65,4 проценти од акциите на Јувентус што моментално ги поседува „Ексор Холдинг“.
Во случај на реализација на трансакцијата, „Тетер“, планира да даде јавна понуда за преостанатите акции по иста цена, со цел целосно да го преземе клубот.
„Тетер“, купи малцински удел во Јувентус во февруари 2025 година, а во април го зголеми својот удел на 10,12 проценти од акциите, со 6,18 проценти право на глас.
Компанијата објави дека понудата е целосно финансирана со сопствен капитал и е предмет на регулаторни одобренија.
Во соопштението се наведува дека „Тетер“ е подготвен да инвестира дополнителни 1.000.000.000 евра во поддршка и развој на клубот по евентуално преземање.
Јувентус е во сопственост на семејството Ањели од 1923 година.
Понатамошните чекори ќе зависат од одлуката на „Ексор“, потпишувањето на конечната документација и добивањето на потребните регулаторни одобренија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Норвежанките и Германките ќе се борат за златото на СП
Женските ракометни репрезентации на Германија и Норвешка ќе се борат за титулата на Светското првенство. Германија, во полуфиналето, славеше против бранителките на титулата, репрезентативките на Франција, а Норвешка демонстрираше сила и против Холандија.
Германија по 18 години обезбеди медал на големите натпреварувања. Домаќинките на Мундијалот блескаа против Франција, славеа победа 29:23.
Антје Дол со девет, Емили Фогел со пет, Виола Летер и Аника Лот со по четири гола, односно голманката Катарина Филтер ја предводеа Германија.
Во редовите на Франција се истакнаа, Лена Грандво и Сара Букит постигнаа по пет гола.
Норвашка во второто полуфинале ја победи Холандија со 35:25. Норвежанките до мечот за титулата дојде на супериорен начин. Во текот на турнирот само Црна Гора ја победија со помалку од 10 гола.
Најефикасни во редовите на Норвешка беа Хена Рајстад со 10, Нора Мерк со пет, Тале Деила, Марен Ниланд и Аникен Вилик со по три гола. Холандија ја предводеа Дионе Хушер и Еставана Полман постигнаа по шест.
Финалето е на програмата в недела.
Foto/ EPA

