Контакт

Свет

Во израелските затвори над две децении лежат 299 Палестинци

Објавено пред

Новообјавените податоци покажуваат дека 299 палестински затвореници во затворите во Израел лежат повеќе од 20 години, се вели во извештајот направен за потребите на договорот за размена на затворениците, тврди палестинското движење Хамас.

dobivaj vesti na viber

Новообјавените податоци покажуваат дека 299 палестински затвореници во затворите во Израел лежат повеќе од 20 години, се вели во извештајот направен за потребите на договорот за размена на затворениците, тврди палестинското движење ХамасСпоред Заводот за статистика на палестинското Министерството за затворениците, 299 палестински затвореници кои беа затворени пред Договорот од Осло, Тел Авив одбива да ги ослободи и по формирањето на Палестинската администрација . Овој извештај е дел од новата рунда разговори за договорот за размена на заробениците меѓу Хамас и израелски официјални лица кој се одржува во египетскиот главен град Каиро. Шефот на политичката канцеларија на Хамас, Калед Мешал допатува во Каиро во вторникот, заедно со делегацијата којашто ќе учествува на преговорите кои треба да доведат до договор за размена на затворениците, кои се остваруваат со посредување на претставници на египетските безбедносни сили, изјави висок египетски функционер од безбедноста за арапските медиуми.Египет посредува во разговорите меѓу Израел и Хамас и за ослободувањето на израелскиот војник по договор Гилад Шалит, заробен во јуни 2006 година, за чиешто ослободување се бара пуштање од израелските затвори на речиси илјада Палестинци. Последните сериозни преговори за размена на затвореници меѓу палестинската фракција во чиешто заробеништво е Шалит и Тел Авив се одржаа во декември 2009 година, но тогаш не беше постигнат договор. „Според фракцијата што го држи во заробеништво Гилат Шалит, од моментот кога тој бил заробен тие го објавија списокот и на овие листи се вклучени група затвореници кои имаат поминато повеќе од 20 години зад решетки. Нивното ослободување е приоритет“, изјави претседателот на здружението на палестинските затвореници, Кадура Фарес.Некои семејствата на палестинските затвореници кои сé уште се наоѓаат во израелските затвори повторно изразија надеж дека разговорите во Каиро ќе донесат решение и дека нивните најблиски набрзо ќе се вратат дома. „Ние секогаш се надеваме и му се молиме на Бога. Се надевам, дека овојпат преговорите ќе бидат успешни и многу затвореници наскоро ќе бидат ослободени“, изјави сестрата на палестинскиот затвореник Абдалах Абу Шалбак. Според најновите извештаи на Палестинската автономна управа, околу шест илјади Палестинците се наоѓаат во израелските затвори, од кои 219 се држат во притвор без подигнато обвинение. Од притворените Палестинци, 44 затвореници имаат минато повеќе од четвртина век зад решетки. Многу Палестинци се уверени дека ниту преговорите, ниту меѓународниот притисок нема да може да ги ослободи палестински затвореници од израелските затвори, и дека слободата на затворените палестински борци е можно да се постигне со продолжување на давањето отпор кон израелските власти./крај/птв/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари

Објавено пред

Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.

dobivaj vesti na viber

Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.

Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.

dobivaj vesti na viber

Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.

„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.

На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.

Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.

На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.

Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.

Прикажи повеќе...

Регион

Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија

Објавено пред

Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.

Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа57 минути

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет2 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет3 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет3 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет3 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа3 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија13 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет14 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет16 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет17 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија23 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет23 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...