Економија
Груевски пред 50 компании во Сингапур ја претстави Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска во Сингапур учествуваше на бизнис форум на кој пред претставници од околу 50 сингапурски компании од различни области беа презентирани инвестициските можности и поволности што ги нуди Република Македонија, информираат од Владата.
Премиерот Никола Груевски денеска во Сингапур учествуваше на бизнис форум на кој пред претставници од околу 50 сингапурски компании од различни области беа презентирани инвестициските можности и поволности што ги нуди Република Македонија, информираат од Владата.
Македонската Влада, рече премиерот, е особено горда на спроведувањето на низа структурни и институционални реформи чија цел е поттикнување на раст и обезбедување флексибилност за спроведување на структурни промени кои се потребни во Македонија за да таа успее на меѓународните пазари и да се прилагоди на предизвиците поврзани со пристапувањето кон Европската Унија.
Груевски посочи дека Македонија значително ги намалила даноците на доход и добивка, како и социјалните придонеси, при што транспарентноста и ефикасноста на даночниот систем е значајно унапредена. Тој потенцираше дека поради поволностите што се нудат во технолошко индустриските развојни зони денес таму се присутни американските компании Џонсон Контролс и Кемет Електроникс, британската компанија Џонсон Мети, италијанската Технохозе, руската Протек Груп, како и индискиот мултинационален бренд Мадерсон груп.
Во своето обраќање премиерот Груевски се осврнал и на образованието. Тој истакнал дека Сингапур е многу успешен во развојот на човечки ресурси со оглед на инкорпорирањето на базичното образование со постојана доживотна обука и унапредувањето на вештините.
„Денес и Македонија значително го зголемува буџетот за образованието кој достигнува ниво од 6% од БДП во последните неколку години“, истакна премиерот Груевски и образложи дека е проширен пристапот до високо образование, особено за природните науки и информатичките технологии, како и тоа дека значително е зголемена употребата на компјутери и интернет во државните училишта и универзитети.
Пред присутните се обрати и претседателот на Сингапурската бизнис федерација Тони Чу Леонг Чи кој дал позитивна оценка за постигнувањата во македонската економија и ги повикал сингапурските бизнисмени сериозно да ги разгледаат можностите кои ги нуди Македонија за реализација на нивните инвестициски проекти.
На бизнис форумот своја презентација имал и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој се осврнал на постигнувањата на макроекономски план, а ги елаборирал и потенцијалите кои што постојат за инвестирање во земјата во сферите на патната и железничката инфраструктура, како и во енергетскиот сектор.
Свои обраќања на форумот имаа и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, кои што во детали ги запознале сингапурските бизнисмени со поволностите што ги нуди Македонија за инвестирање.
На маргините на форумот, премиерот Груевски оствари средба со претседателот на Сингапурската бизнис федерација Тони Чу Леонг Чи, која што претставува главна стопанска комора во Сингапур и со чија поддршка беше организиран настанот, а воедно беше остварена средба и со директорот на туроператорот Универсал травел со кој се разговараше за конкретни можности за соработка во туризмот, односно за носење сингапурски туристи во Македонија во наредните сезони.
По бизнис форумот премиерот Груевски одржа средба со премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лунг. Попладнето владината делегација заминува за Јапонија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите, извести Народната банка

Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, извести Народната банка.
Сите банки веќе усвоија нови тарифници со значително намалени надоместоци за платежни трансакции со платни налози. Имено, надоместоците за плаќањата коишто граѓаните ги извршуваат преку МИПС се намалени во просек за околу 50%, додека електронските плаќања на граѓаните коишто се извршуваат во рамките на истата банка (т.н. интерни плаќања) стануваат бесплатни во најголемиот дел од банките. Надоместоците коишто компаниите им ги плаќаат на банките исто така се намалени. Така, електронските плаќања на компаниите во МИПС стануваат поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања за околу 55%. Општо земено, банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, коишто се однапред познати и не зависат од износот на плаќањето. Новите поевтини надоместоци се веќе во примена кај дел од банките, а останатите банки планираат да започнат со примена на намалени надоместоци најдоцна до октомври оваа година, велат од НБ.
Овие промени се дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем. Поевтините услуги го поттикнуваат користењето на електронските плаќања, ја зајакнуваат довербата во финансиските институции и придонесуваат кон општествено одговорно работење на банкарскиот сектор, се додава во соопштението.
Економија
СДСМ: Инфлација од 4,4 проценти беснее и во август, власта не носи ниту една мерка

Растот на трошоците за живот не запира, статистиката повторно регистрира зголемување на инфлацијата и цените на мало, реагираат од СДСМ.
Како што истакнуваат, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата на годишно ниво, односно август 2025 година споредено со август 2024 година, бележи зголемување од 4,4%. Најголемо зголемување има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци од 6,2 %.
„Во истиот период, цените на мало поскапеле за 4,1%. Дури за 6,7% се зголемени цените на мало за прехранбени производи.
Ова е реалноста која ја живеат македонските граѓани – животот станува сѐ поскап, инфлацијата ја јаде куповната моќ.
Ова е резултатот од погрешните и аматерски економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски.
Колку и да сака премиерот Мицкоски да прикаже дека во државата добро се живее, статистиката не лаже, граѓаните ја чувствуваат сиромаштијата на свој грб.
Оваа влада покажа дека ниту има стратегија, ниту капацитет да ја заузда растечката инфлација. Жално е што владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема желба да им помогне на граѓаните и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард“.
Според опозициската партија, додека граѓаните прават математики како да го протуркаат месецот, власта се расфрла со народни пари за свои луксузи и партиски интереси.
„Нема пари за повисоки плати, но има пари за милионски тендер за скапа опрема за промоција и организирање на настани.
СДСМ постојано предупредува на растечкиот тренд на инфлацијата и понуди конкретни решенија за раст на платите и намалување на цените, кои владејачкото мнозинство не ги прифати. Сега повторно бараме владата да преземе итни мерки за заштита на животниот стандард, граѓаните не смеат да бидат жртва на погубните политики на оваа власт“.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.