Македонија
Екстрадиционен притвор за грчкиот местач на натпревари
Истражен судија доцна вечерва му одреди екстрадиционен притвор на грчкиот бизнисмен Макис Псомијадис, кој како сопственик на фудбалскиот клуб Кавала е осомничен за местење на спортски натпревари во Грција…
Истражен судија доцна вечерва му одреди екстрадиционен притвор на грчкиот бизнисмен Макис Псомијадис, кој како сопственик на фудбалскиот клуб Кавала е осомничен за местење на спортски натпревари во Грција.
Псомијадис, по кој во септември била распишана меѓународна потерница беше уапсен денеска во центарот на Скопје додека пиел кафе.
Неколку дена пред објавувањето на потерницата, Псомијадис бил ослободен од судот, и покрај препораката на
обвинителството за притвор на бизнисменот. Подоцна таквата одлука била поништена. Апелациониот суд одлучил Псомиадис да остане во притвор, во ситуација кога тој веќе бил ослободен со кауција од 600.000 евра. Но Псомијадис, познат како Биг Мек веќе избегал во Скопје, кадешто денеска беше уапсен. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП
Управата за јавни приходи известува дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен.
Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.
Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД, вклучително и пресметки за плата (МПИН).
Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција.
Апелираат до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата.
Македонија
Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче за дистанцирање од ДУИ и Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Филипче продолжуваат да го играат спектаклот на дистанцирање од ДУИ, и се уште не се извинија на народот бидејќи дозволија Груби да краде а народот да осиромаши.
„Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче како и сите нивни маневри за дистанцирање од ДУИ и Груби. Народот не може да биде повеќе манипулиран со евтини обиди на СДС за дистанцирање од ДУИ и токму поради тоа рејтингот секојдневно им се топи и е во слободен пад. СДС беше на власт благодарение на својата сервилност кон ДУИ, СДС беше на власт поради тоа што се однесуваа како слуги на ДУИ“.
Како што велат од партијата на власт, обидот на СДС да се одржи по секој цена на власт беше основата за коалицијата со ДУИ што доведе до распространување на криминалот и осиромашување на народот.
„Обидот на Филипче да се дистанцира од ДУИ не само што е апсурден туку е и лицемерен затоа што тој е помеѓу оние кои му овозможија на бегалецот Груби и ДУИ криминалот да го претворат во системска пракса. СДС и Филипче треба да се извинат на граѓаните што ги злоупотребуваа народните пари, што знаеја и дозволија Груби да прави криминал а неправдата и беззаконието да царуваат“, додаваат од партијата на Мицкоски.
СДС, додаваат, или ќе направи искрена ревизија на својата политика и целосно ќе се оттргнат од ДУИ или ќе продолжат да тонат во сопствената криминална кал.
Македонија
„Кошничките“ на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните, велат од СДСМ
Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со т.н „кошнички“ се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија, оценуваат од СДСМ.
„Кошничките“, како штп велат, донесоа поголема скапотија за граѓаните.
„Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашокот, гравот, леќата, сѐ е поскапено.
Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта. Од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ.
Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа –цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите“.
Од СДСМ додаваат дека трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.
Според опозициската партија, политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата.
„Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка.
Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија“, нагласуваат од СДСМ.