Македонија
???? ?? ???????? ????? ??????? ?? ???????
Седницата на Судскиот совет утринава околу 1030 часот беше прекината бидејќи на еден од членовите му се слоши и беше пренесен во болница
Членот на Суидскиот совет, Неџад Ајро, на самиот почеток на седницата се пожали дека не се чувствува добро и побара десет минутна пауза.Колегите му помогнаа да замине во неговата канцеларија, каде по кратко време беше констатирано дека состојбата му се влошила.Беше побарана лекарска помош и Ајро е пренесен со возило на Брза помош во некоја од скопските здравствени установи. Останатите членови на СС беа видно вознемирени за здравствената состојба на Ајро, затоа што и друг пат тој се жалел на проблеми со срцето.На седницата Судскито совет требаше да се избираат нови судии за Врховен суд, за апелација, за повеќе судови во државата.Седницата е презакажана за во среда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Владата да се откаже од измените на Законот за заштита на децата
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) побара од власта целосно да се откаже од измените на Законот за заштита на децата, поради спорните одредби што ги содржи.
„Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, со што се отвора можноста за повторно разгледување. Бараме од Владата да се повлече од намерата за измена на Законот,“ соопштуваат од СДСМ.
Од партијата ги истакнуваат како спорни Членовите 9 и 10 од предложените измени, кои предвидуваат воведување двојазични лиценци за детска заштита.
„Овие одредби се регулирани со друг закон за употребата на јазиците, но и со Уставот на државата, што дополнително го прави предлогот контроверзен,“ додаваат од СДСМ.
Тие го критикуваат и враќањето на процедурата за издавање лиценци од дигитална на хартиена форма.
„Ова отвора простор за злоупотреби, партизација и доделување на лиценци по партиски клуч, наместо транспарентен и објективен процес,“ се вели во соопштението.
СДСМ ја осуди и процедурата на носење на Законот, која според нив, била насилно туркана низ Собранието.
„Власта го префрли предлог-законот од матичната Комисија за социјална политика на Комисијата за енергетика, со што беше прекршен Деловникот. Ова беше направено само за да се заобиколи блокадата на матичната комисија поради неприфаќањето на Законот за посебните права на бранителите,“ истакнуваат од партијата.
Според СДСМ, ваквите чекори покажуваат дека „ВМРО-ДПМНЕ ѝ должи многу на Вреди“, но предупредуваат дека правниот поредок на државата не смее да биде загрозен поради политички договори.
„Ги повикуваме надлежните институции и јавноста будно да го следат процесот и да не дозволат ваквите спорни измени да стапат на сила,“ апелираат од СДСМ.
Македонија
Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите
Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето и да ја заштити животната средина. Од Одделението за односи со јавноста при Градот истакнуваат дека неселективно се изрекуваат казни за сите прекршители на законот, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните и ја загадуваат животната средина.
„Во изминатата година изречени се казни од 9 до 100 илјади евра за правни лица, како и соодветни санкции за физички лица што биле затекнати при создавање или палење диви депонии и кршење на законите,“ информираат од Град Скопје.
Покрај инспекторите на Град Скопје, надлежност за справување со загадувањето имаат и 14 други институции, меѓу кои Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина и инспекциските служби на десетте скопски општини.
„Иако повеќе институции имаат законска обврска да реагираат, Град Скопје е единствениот што постојано дејствува на терен, додека останатите не преземаат конкретни активности,“ нагласуваат од Градот.
Минатата недела инспекторите на Град Скопје изрекоа над 20 санкции, а на неделно ниво просечно се казнуваат помеѓу 20 и 30 сторители.
„Поднесовме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, кои се опасни по здравјето и ја нагрдуваат околината,“ истакнуваат од Градот, додавајќи дека од Обвинителството сè уште нема реакција за кривичната пријава против „Усје“.
Град Скопје спроведува долгорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
„Реализираме проекти за субвенции за инвертери, велосипеди, замена на азбестни кровови, како и акции за садење дрвја и создавање нови зелени површини. Во тек е изградба на мега парк во Карпош на површина од 80.000 метри квадратни, а завршена е и Ботаничката градина во Скопје на 12.700 метри квадратни,“ соопштуваат од Градот.
Покрај тоа, Градот воведе зачестени машински чистења и миења на улиците и контролира сообраќајни режими за тешки товарни возила, во координација со МВР.
Град Скопје повикува останатите институции да ја преземат својата одговорност и активно да се вклучат во борбата против загадувањето.
„И покрај нашиот труд, резултатите нема да бидат целосни без поддршка и активна улога на сите надлежни институции,“ апелираат од Градот.
Македонија
Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени
Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје.
-Ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти, стои во соопштението.
Воедно, од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.