Македонија
Груевски: Опозицијата бара избори, се моли да не ги добие
„Според она што го гледам од страна на опозицијата, и барањата кои ги испорачаа, се чини дека бараат предвремени избори но молат Господ да не ги добијат“.Ова го изјави денеска Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали планира да распише предвремени избори.Тој додаде дека за сега ВМРО-ДПМНЕ нема донесено одлука за предвремени избори, но кога ќе донесе ваква одлука, тие навремено ќе ја информирале јавноста.Премиерот присуствуваше на промоција на проектот „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Битола доделени сертификати на десет асистенти за лица со попреченост
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на општинската организација на Црвен Крст, Лилјана Ристевска, денес ги доделија сертификатите на 10 лични асистенти, кои успешно ја завршија обуката од 3 месеци, спроведена од Црвен крст, а финансирана со износ од 200.000 денари преку програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2024.
Ангажирањето на асистентите е врз основа на договор на дело, а исплатата се врши во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Согласно Законот за социјална заштита, правото на лична асистенција е предвидено како услуга која им се обезбедува на лица со попреченост заради поддршка во секојдневниот живот и овозможување поголема независност, соопштија од општината.
„Личната асистенција се обезбедува, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги извршува без поддршка.
Личната асистенција се обезбедува за лица од 6 до 65 годишна возраст кои имаат потешка и најтешка телесна попреченост или потполно слепи лица во траење до 80 часа месечно и опфаќа:
– вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот во домот на корисникот
– помош и поддршка на работно место, во образовна установа/ центар каде корисникот обавува активности на оспособување
– помош и поддршка во заедницата во која живее корисникот
Услугата ја даваат исклучиво лиценцирани лични асистенти, при што личен асистент не смее де биде лице кое е член на семејството на корисникот, односно лице кое живее во исто домаќинство со него. Лична асистенција не можат да користат лица кои имаат склучено договор за доживотна издршка.
Правото на личен асистент може да се оствари низ 3 фази, односно преку:
Апликација: Лицето поднесува барање до Центарот за социјална работа во општината каде живее.
Проценка: Се прави проценка на потребите од страна на стручни лица.
Доделување: Доколку се исполнуваат критериумите, се доделува личен асистент“, информираат од општината.
Македонија
Прилепските социјалдемократи до градоначалникот Јовчески: Охрабри се и откажи се од купувањето службен автомобил
Ништо не може да го покрие катастрофалното (не)работење на Борче Јовчески, најлошиот градоначалник во историјата на Прилеп. Трите години од неговото, таканаречено, „менаџирање“ со градот и потрошените 70 милиони евра без да реализира ниту едно изборно ветување, значат тригодишен застој на сите општествени процеси во општина Прилеп, оценуваат од СДСМ Прилеп.
Според нив, безмилосното и непланско трошење на парите на граѓаните кулминирало со склучувањето договор за набавка на нов службен автомобил, по цена од, како што велат, фантастични 65.000 евра.
„Во услови кога големото мнозинство граѓани на Прилеп се соочува со проблеми од егзистенцијален карактер, бркањето луксузи со нивните пари е, најблаго речено, тежок безобразлук. Од тие причини, апелираме до градоначалникот Борче Јовчески да се откаже од намерата и да го поништи договорот за купување автомобил. Наместо за луксуз, Јовчески и ДПМНЕ овие средства можат да ги пренаменат за делумно исполнување на нивното изборно ветување – набавка на 10 патнички комбиња или помали превозни средства за пристап до сите делови на општината“.
Го потсетуваат Јовчески и ДПМНЕ на лошата состојба на возниот парк во прилепската Територијална противпожарна единица и неопходната потреба од набавка на ново противпожарно возило.
„Градоначалниче Јовчески, охрабри се и конечно направи нешто добро за градот и прилепчани – откажи се од купувањето луксузен службен автомобил“, му порачуваат од СДСМ Прилеп.
Македонија
Срамно е да се фалите со туѓи мерки: СДСМ до Трипуновски
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, уште еднаш покажаа тотоална безидејност кога е во прашање поддршката на земјоделството и земјоделците. Ноторна лага се информациите на Трипуновски дека оваа година е прва година кога се исплатиле субвенции за тековната програма за директните плаѓања, велат од СДСМ.
„Срамно е да се фалите со туѓи мерки, а уште посрамно е да лажете дека вие сте вовеле за прв пат ваква исплата.
Исто така не е точно дека се работи за исплата на заостанати субвенции, сите се од тековната прпграма за 2023 година и 2024 година.
Не ги потценувајте земјоделците, тие знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година.
Трипуновски, ако не се сеќавате или ако не ве информирале службите, да ве потсетиме. Вчерашната исплата на субвенции е всушност продолжување на започнатиот процес од минатата година. Сакале или не, да признаете, тоа е дел од добрите мерки и систем на исплата воспоствен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел како што го презентирате. Исплатата на субвенциите што се реализираше вчера, е направена и минатата година за прв пат и тоа е новиот модел за авансна исплата на субвенции што го воведе СДСМ“, нагласуваат од партијата.
Потсетуваат дека измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години.
„Минатата година за прв пат земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите.
Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година ја донесе Владата на СДСМ во јануари годинава. Само во сточарството кај млечните крави ја зголемивме субвенцијата за оваа година од 4.000 денари на 12.000 по грло. Ова е вистинска грижа за земјоделците и долгорочна стратегија за развој на земјоделството.
Вие Трипуновски, манипулирате, не се потрудивте да понудите ниту нова мерка, ниту зголемени субвенции. Доста им е на земјоделците од лаги и манипулации, потребни им се мерки и политики за да бидат профитабилни и конкурентни“, реагираат од СДСМ.