Свет
Полицијата двојно поуспешна во борбата со корупцијата?
Македонската полиција во минатата година во борбата против корупцијата била двојно поуспешна отколку во претходните години, покажуваат новите статистики на МВР.
АНАЛИЗА
Македонската полиција во минатата година во борбата против корупцијата била двојно поуспешна отколку во претходните години, покажуваат новите статистики на МВР.
Бројките укажуваат дека во 2004 година биле откриени 31 случај за примање и давање поткуп, а имало 32 осомничени.
Во 15 случаи на поткуп биле фатени лекари, цариници, полицајци, еден судија, државен секретар и професор.
Полициската анализа покажува дека за злоупотребата или искористувањето на службената положба во минатата година биле кривично пријавени 631 осомничен за извршени вкупно 504 кривични дела. Бројот на откриените случаи на корупција се двојно поголеми отколку во претходните години, покажува полициската статистика.
Во МВР информираат дека едни од покарактеристичните истраги се откриените незаконитости од одговорни лица во институции што се буџетски корисници, одговорни лица во приватни и јавни претпријатија, како и малверзации во банкарското работење.
Полицијата во 2004 година открила финансиски малверзации во Бирото за стокови резерви, Бирото за стопански недоволно развиени подрачја, Министерството за транспорт и врски, Агенција за обнова и развој, Министерството и во Фондот за земјоделство.
Незаконско работење полицијата открила и во ЈП за стопанисување станбен и деловен простор, Управата за цивилна и воздушна пловидба, Фондот за води, Народна банка, “ЕСМ” и во други фирми.
Анализата на МВР покажува дека само во 45 случаи осомничените проневериле над две милијарди денари, за колку што бил оштетен буџетот на Македонија.
За да не биде еднострана хајката против корумпираните, МВР во минатата година ја средуваше и корупцијата кај своите колеги. Во 2004 година биле поднесени кривични пријави за корупција за 34 полицајци.
Во најголем број случаи тие биле пријавени за злоупотреба на службената положба и за примање поткуп.
Во исто време биле покренати дисциплински постапки за повеќе од 50 сообраќајни полицајци. Тие се товарат дека неправилно постапувале со парите што ги наплаќале од казните за сообраќајните прекршоци, за што биле и парично казнети.
Кривични пријави во 2004 година заработиле и 16 цариници, осомничени дека со незаконско работење ги оштетиле државата и други фирми за над 5,5 милиони денари.
На телефонската линија за пријавување случаи на корупција, во 2004 година имало 778 јавувања од граѓани. Во поголемиот број повици имало поплаки во врска со нерешени имотно-правни работи и незаконитости во јавни и приватни претпријатија. Полицијата презела мерки за над 20 пријавени случаи, од кои три разрешила. (А.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.
Свет
Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот
Заменик-претседателот на либанскиот парламент, Елиас Бу Саб денеска изјави дека „не остануваат никакви сериозни пречки“ за да се започне со спроведување на американскиот предлог за 60-дневно примирје за прекин на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.
Тој за Ројтерс изјави дека едно од преостанатите прашања е кој ќе го надгледува прекинот на огнот.
Договорено е да се формира комисија составена од пет земји, што значи дека овој тим ќе биде одговорен за следење и надзор на прекинот на огнот, а меѓу нив е и Франција, а со комисијата ќе претседаваат САД.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.