Спорт
Арсенал ремизираше со Сандерленд

Во мечевите од 29-то коло од англиската Премиер лига, Арсенал на своите „Емирати“ одиграа 0:0 со Сандерлен со што испуштија можност да дојдат на само бод заостанување од лидерот Манчестер јунајтед
Лондонските „топчии“ на овој меч настапија без повредените Робин ван Перси, Сеск Фабрегас и Тио Волкот, а останатите напаѓачи на Арсен Венгер не успеаја во саботниот дуел да го скршат бункерот на Сандерленд.Болтон и покрај двете водства на гостинската Астон вила, 0:1 и 1:2 и при неискористен пенал на гостите во 70. минута, на крајот успеа да триумфира со 3:2. Астон вила ги имаше двете водства со головите на Бент во 15. и на Олбрајтон во 64. минута, а во 70. домашниот голман Јуси Јааскалаинене го одбрани ударот на Ешли Јанг од белата точка. Гери Кејхил со двата гола во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме и во 75. минута изедначуваше за Болтон кому победата му ја донесе во 86. минута хрватскиот интернационалец Иван Класниќ. Со оваа победа Болтон од вкупно деветте бодови во последните три меча освои седум и го мина Ливерпул на шестата позиција но има и еден меч повеќе. Астон вила, пак, е 13-а со 33 бодови со само три бода повеќе од Бирмингем на 18-то во зоната на испаѓање од лигата.Во борбата за опстанок Вест бромбич албион и Вест хем постигнаа важни победи. ВБА на гости го совладаа со 3:1 Бирмингем, со головите на Јусуф Малумбу во 47- минута во истата кога гол постигнаа и домаќините, а потоа Џим Морисон во 58. и Пол Шарнер 71. минута. Ова е прва победа на ВБА од 15-ти јануари и сега е на 16-то место, а Бирмингем падна на 18-тото. Вест хем откако со 3:1 во минатото коло го совлада Ливерпул, во саботата на „Аптон парк“ со 3:0 го совлада Сток сити. Головите ги постигнаа Демба Ба во 21., Да Коста во 29. и Хицспергер во 83. минута. Вест хем е 17-ти со 31 бод а Сток е на 12-то место со 34 бодови. Њукасл е поразен на домашен терен од Евертон со 1:2 и покрај водството од 21. минута со голот на Бест. Меѓутоа, гостите набрзо преку Осман во 31. и Јагиелка во 36. година поведоа а водството го одржаа до крајот. Евертон по минатонеделната победа над Сандерленд сега има 36 бодови со што се изедначи на табелата со Њукасл. Фулам со победата од 3:2 над Блекбурн му победгна за три бода и сега е на 11-та позиција. Головите за домашните ги постигнаа Дамиен Даф во во 37 и 59. минута а победата ја донесе Замора во 89. минута од пенал, додека за гостите Ханли изедначи првпат во првата минута од продолжението на првото полувреме а потоа во 64-та на 2:2 израмни Хоилет. На десет кола до крајот на англиското првенство, на табелата води Манчестер јунајтед кој игра го игра дерби мечот со Ливепрул, со 60 бодови, три повеќе од Арсенал а третопласираниот Манчестер сити има 50 бодови и меч помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта.
На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни.
Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, Чешка, 6,00 м во Јуџин, Орегон и 6,05 м во Монако).
Дуплантис ја забележа својата 33-та натпреварувачка победа и е непоразен од Монако на 21 јули 2021 година.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari
Спорт
Дебакл на Шкендија во Баку

Актуениот македонски шампион Шкендија доживеа елиминација од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Шкендија ја очекува плеј-офот за место во Лига Европа, доколку и тука загуби ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига.
Шкендија по поразот во првиот меч на домашен терен (0:1) од Карабаг, вечерва доживеа дебакл во реваншот во Баку. Карабаг победи со 5:1.
Почетокот на натпреварот ветуваше бидејќи Тамба во 10.минута и донесе водство на Шкендија и во тој момент ја анулира предноста на Азербејџанците.
Потоа играчите на Шкендија влегоа во „црна дупка“, од која не успеаја да излезат 19 минути. Во периодот од 16. до 35.минута Карабаг постигна четири гола. Цаке си постогна авто-гол, а потоа погодија Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал Точка на натпреварот стави Леандро Андраде во 59.минута.
Шкендија во плеј-офот за пласман во Лига Европа ќе игра со поразениот од пресметката меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Балотели: Жалам што не се трудев повеќе во кариерата

Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб.
„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него“, рече тој во интервју за „Газета дело Спорт“.
Тој зборуваше и за италијанската репрезентација, вели дека му е жал што не играл повеќе за Италија.
„По сè низ што поминав, мислам дека можев да се потрудам повеќе. Жал ми е што повеќе не играв во репрезентацијата. Некои луѓе дури и не ме сакаа во репрезентацијата, но тоа е минато. Сега селектор е Џенаро Гатузо. Му посакувам се најдобро. Тој е личност која дефинитивно ќе го даде својот максимум“, рече Балотели ден пред неговиот 35-ти роденден.
Балотели сега ќе го бара 12-от клуб во својата професионална кариера. Досега играл за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.
Foto/ EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT